Back to Blog

Посета на делегацијата на МАТТО кај градоначалникот на Град Скопје

Делегација на Стопанската комора Македонија – Турција (МАТТО), предводена од претседателот г. Ајдован Адемоски, оствари работна посета кај новоизбраниот градоначалник на Град Скопје, г. Орце Ѓорѓиевски.

Во рамките на средбата се разговараше за можностите за унапредување на соработката меѓу МАТТО и Град Скопје, заеднички иницијативи и проекти од заемен интерес, како и за нивниот придонес кон економскиот и општествениот развој на главниот град.

Делегацијата на МАТТО беше составена од: Претседателот Ајдован Адемоски, Потпретседател и генерален директор на Халкбанк А.Д. Скопје, Фатих Шахбаз, Заменик-претседатели Имер Селмани и Марија Томеска, Членот на Управниот одбор Мите Стојковски и Извршниот директор Шахпаз Молалиeв.
На средбата беше истакната важноста на партнерството меѓу локалната самоуправа и бизнис секторот за поттикнување на инвестиции, отворање нови можности за соработка и унапредување на квалитетот на живот на граѓаните на Скопје.

Двете страни изразија подготвеност за продлабочување на меѓусебната соработка преку конкретни активности и проекти кои ќе придонесат за долгорочен и одржлив развој на градот.

Share this post

Back to Blog