Back to Blog

МАТТО, се сретна со претставници на политичка партија “Алтернaтивa”

На 18.02.2020…Развој на земјата и раст на економијата заеднички именител

Во рамките на програмата на МАТТО, во тек е серија разговори со политичките партии и претставување на приоритетите на МАТТО со цел истите да бидат вградени во партиските програми. На (18.02.2020) се оствари средба со политичкита партија “АлтернАтивА” која беше претставена од претседателот г-дин Aфрим Гаши. Г-дин Ајдован Адемоски, претседател на МАТТО  се заблагодари на прифатена поканата за средбата, ги запозна гостите со приоритетите на МАТТО и истакна дека од новата влада се очекува целосна посветеност на развој и раст на  земјата, и дека економијата, освен за  благосостојба е основ и за градење на капацитет за меѓународни партнерства. Претседателот на “АлтернАтивА” се заблагодари за можноста да го изрази ставот на партијата дека перцепција за Турција во албанскиот блок треба да се смени и дека партијата ја гледа својата улога да биде во службата на граѓаните. Г-дин Гаши ги изнесе приоритетите на партијата кои се во смисла на модернизацијата на земјата и унапредување на економијата.

На состанокот учествуваа замениците на МАТТО, г-ѓа Букет Герекчи и г-дин Имер Селмани како и други членови на Управниот одбор на МАТТО.

Share this post

Back to Blog