Back to Blog

Г-динот Ајдован Адемоски,Претседател на МАТТО го придружуваше Премиерот на Р.М г-динот Зоран Заев во официјалната посета на Анкара (11-12 февруари 2018)

Премиерот Бинали Јилдирим: “Обемот на трговија помеѓу двете земји треба да се зголеми до 1 милијарда евра”

 покана на Премиерот на Р.Турција г-динот Бинали Јилдирим, Премиерот Заев во својата официјална дводневна посета на Анкара на 11-12 февруари, беше придружуван од страна на г-динот Ајдован Адемоски, Претседател на МАТТО и членките на У.О на МАТТО.

На приемот во Влада на Р.Турција, присуствуваа и г-динот Ајдован Адемоски, Претседател на МАТТО,г-динот Есер Џевахир, заменик Претседател на МАТТО, сопственик на Џевахир Холдинг и членката на Управен Одбор г-динот Имер Селмани од Бис Оил. 

Cumhurbaskani.JPG

Премиерот на Р.Турција г-дин Јилдирим на тет-а-тет средбата со Премиерот Заев истакна: “Постои целосен консензус за зајакнување на односите во секое поле. Уште еднаш потенциравме дека трговската размена не го отсликува потенцијалот, особено во поглед на зајакнување на економските и трговските односи. Притоа придавајќи значење на трговскиот биланс, за кратко време се согласивме обемот на трговската размена помеѓу Турција и Македонија да достигне над 1 милијарда евра. Инвестициите на турските инвеститори во Македонија достигнаа на ниво 1 милијарда, 300 милиони евра.Особено сме задоволни од таа бројка. Интересот на турските инвеститори за Македонија продолжува”.

Basbakan-binali.jpg

Премиерот Заев го посочи МАТТО како партнер на турските инвеститори
На Турско-Македонската деловнан вечера, организиран од страна на Унијата на комори и стокови берзи на Турција,на 11.02. 2018, Премиерот Заев, истакна дека е исклучително задоволен од интересот за Македонија на турските инвеститори – 10 од 35 компании што инвестирале во Македонија во последниве години се Турски компании, а 40 од 100 компании со кои преговорите продолжуваат се турски фирми.
Пред да почне да се занимава со политика Премиерот Заев кажа дека имал семеен бизнис.”Јас одвојувам една третина од моето време за средба со деловни луѓе.Половина од ова време вклучува и преговори со претставници на турските компании.Доаѓаме од една мала земја и сакаме да ги промовираме можностите за инвестирање во Македонија, али и да ги разгледаме и трговските проблеми со кои се соочуваат двете земји “. 
Говорејќи за даночни олеснувања особено за инвеститорите во Македонија истакна: ”Соработував со голем број на турски бизнисмени затоа ви давам и отворена гаранција. Премиерот, министрите, замениците и МАТТО ви стојат на располагање. Турски компании преговараа за некои од слободните трговски зони обраќајќи се на МАТТО и други стопански комори, a и преговорите за слободната зона во Гевгелија се во тек”.
TOBB.jpg
Договорот за слободна трговија меѓу Македонија и Турција треба да се обнови
Г-динот Фаик Јавуз, член на У.О на Унијатанакомори и стоковиберзинаТурција (ТОББ) истакна дека Договорот за слободна трговија меѓу Македонија и Турција треба да се обнови како и да се дозволи увоз на месо од живина од Република Турција.
Делегација која го придружуваше Премиерот Заев во Унијатанакомори и стокови берзи наТурција (ТОББ),г-дин Аднан Ќахил, министерот задолжен за странски инвестиции, г-дин Енес Ибрахим претседател на Партијата за движење на Турците во Македонија (ТХП) и пратеник, г-дин Јусуф Хасан пратеникот на ДемократскапартијанаТурцитенаМакедонија и г-дин Виктор Димовски, државен секретар во министерство за надворешни работи, г-ѓа Тулин Еркал Кара, Амбасадор на Р.Турција во Скопје, г-дин Ајдован Адемоски, Претседател на МАТТО,г-дин Есер Џевахир, заменик претседател на МАТТО, и членките на У.О: г-динот Хајдар Јилмаз од Суташ, г-динот Имер Селмани од Бис Оил, г-дин Мурат Оздемир од Елиф Иншаат, г-дин Муртеза Сулооџа од Јени Балкан и г-динот Максут Карајалчин од Ливатајм.
tobb-matto.JPG 
Премиерот Заев оствари средба во Генерален директор на нашата членка ТАВ во Турција
Премиерот на Р.М г-динот Зоран Заев и државниот министер г-дин Аднан Ќахил на 12-ти февруари во Анкара остварија средби со г-динот Сани Шенер, Генерален дикретор на ТАВ,Г-ДИН Серкан Каптан, помошник на генерален директор и г-дин Алпер Тунга Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија и заменик претседател на МАТТО. Во официјалните разговори ТАВ зборуваше за донорска инвестиција од 45 милини евра, инвестиција која може да се искористи за различни проекти во Македонија. Премиерот Заев,во однос на оваа понудена инвестиција искоментира дека  области во кои би се насочиле истите биле би за потребите на македонски граѓани, како што се градинки, училишта, канализација и патишта.
 
TAV-sani-zaev.jpg

Share this post

Back to Blog