Back to Blog

На 25.09.2014 година ЧАГСИАД (Асоцијација на современи индустријалци и здружението на работодавачите) Анталија ја посетија нашата комора

Претседателот на  Управен Одбор г-дин Ибрахим Текпинар, секретар на оддел г-дин Бора Думлупинар заедно со преостанатата делегацијата ја посетија нашата комора. Делегацијата ЧАГСИАД, се состоеше од фирми кои се бават со  градежништво, материјали за мебел, производство на мебел, декорација на градежништво, храна и пијалоци, информатичка технологија и софтвер, архитектура и градежништво, пејсаж градежништво, електрични обврски.

Бизнисмените ЧАГСИАД беа пречекани од страна на заменик претседателот г-дин Ејуп Учак и преставник на трговскиот советник на Амбасадата на Република Турција во Скопје г-дин Танер Демирџи.

Во склоп на посетата Заменик Претседателот на Управен Одбор г-дин Ејуп Учак објасни околу можностите за бизнис во Македонија, и разликата во оданочување помеѓу двете земји како и за слободните зони во Р.Македонија.

Претседателот на Управен одбор г-дин Бора Думлупинар од делегацијата на бизнисмени ЧАГСИАД му врачи плакета на заменик претседателот на комората г-дин Ејуп Учак. 

Share this post

Back to Blog