Back to Blog

МАТТО ја одржа годишната редовна седница на собрание-2023

На годишното собрание на МАТТО беа истакнати односите меѓу Туркије и Македонија
Стопанската комора на Македонија-Турција (МАТТО) на 24.01.2023 год. ја одржа годишната редовна седница на собрание. На седницата на кој присуствуваа членовите на МАТТО, беа презентирани годишните активности и финансиските извештаи.
Беше истакнато дека со цел подобрување на односите меѓу Републија Северна Македонија и Република Туркије,годинава ќе продолжиме онаку каде застанавме минатата година.

Презентирајќи го годишниот извештај за 2022 година, заменик претседателот на МАТТО, г-ѓа Марија Томеска изјави дека развојот на односите меѓу Турkıje и Северна Македонија беше меѓу приоритетите минатата година. Наведе и дека минатата година МАТТО превзема значајни чекори во борбата против енергетската криза и беа дадени предлози до надлежните институции.
Во однос на програмата за активности за 2023 година, Томеска истакна: „Зголемувањето на обемот на трговијата меѓу Туркије и Северна Македонија ќе биде една од нашите главни цели следната година. Дополнително, во контакт сме со сите институции за ажурирање на договорот за слободна трговија меѓу двете земји. Веруваме дека овој договор, кој ќе биде од корист за нашите членки, ќе се ажурира оваа година. Ќе продолжиме да имплементираме многу проекти за општествена одговорност од кои ќе имаат корист не само нашите компании-членки туку и јавноста“.

Откако ко-претседавачот на МАТТО, г-дин Билал Суџубаши го презентираше годишниот финансиски извештај, завршно обраќање имаше претседателот на МАТТО, г-дин Ајдован Адемоски.
Во своето обраќање г-дин Ајдован Адемоски истакна: „Обемот на трговската размена меѓу двете земји минатата година надмина милијарда долари. Другиот извоз од Северна Македонија во Турција надмина 250 милиони долари. Но, нема да застанеме тука, ќе вложиме дополнителни напори да го достигнеме обемот на трговијата до 3 милијарди долари. За жал, нашите економски односи не се на ниво на политички односи. Ќе продолжиме да се трудиме да го достигнеме тоа ниво. Во оваа насока, ажурирањето на договорот за слободна трговија е од особена важност.
Можноста да патуваме во Р.Туркије со лична карта, како во случајот со Туркије и Србија, ќе ги зајакне нашите односи.

Претседателот Адемоски додаде дека и покрај многуте кризи во изминатата година, членовите на МАТТО ги зголемија своите инвестиции.

Share this post

Back to Blog