Back to Blog

МАТТО делегација во посета на Црна Гора (9.05.2018)

“Посетата во право време – по члентсвото во НАТО економијата на Црна Гора се раздвижува” – Душко Марковиќ, премиер на Црна Гора

Делегацијата на МАТТО предводена од г. Ајован Адемоски, во состав на представници на Халк Банка, ТАВ, Елиф Иншат, Витаминка, БИС Оил, Еуролинк и  Караџа Турс Балкан престојуваше во посета на Црна Гора од 8-10 мај 2018. и оствари посети на премиерот на Црна Гора, министер за одбрана, државен секретар за сообраќај и поморство, Луката Бар и учествуваше во Деловен Форум во организација на Стопанска комора на Црна Гора. Посетата беше реализирана со поддршка на амбасадата на Црна Гора во Македонија и амбасадата на Турција во Подгорица. 

Г. Душко Марковиќ, премиер на Црна Гора, во средбата со МАТТО делегацијата оцени дека посетата е во право време бидејќи членството во НАТО дава поголеми можности и сигурност за реализирање на деловните интереси а особено инвестиции, било green field било brown field. Тој нагласи дека  земјата ги поддржува сите видови инвестиции а посебно е заинтересирана за инвестиции во финансијски, транспортен, производен и туристички сектор. Црна Гора треба да ги  искористи добрите политички односи со Република Турција и Република Македонија и да ги стави во функција на унапредување на економската соработка. Од страна на премиерот е ветена поддршка во реализација на инвестициите како од страна на администрацијата така и од него лично. Г. Адемоски, се заблагодари на приемот и интересот на премиерот Марковиќ  за МАТТО делегацијата, и изјави дека Македонија со Црна Гора ги дели истите вредности како што се евро атлантските интеграции, а то се  заедничката аспрација за членство во ЕУ и членството во НАТО. На Црна Гора и се честита на успешно завршениот пат кон НАТО интеграцијата додека Македонија е во процесот и се надева дека наскора и таа ќе се придружи. За општ бенефит треба да ја искористиме позиција на Турција во НАТО, нејзината економија и да во трилатерален однос се посветиме кон стопанскиот напредок. Г. Адемоски изјави дека информациите собрани од овој пат ќе бидат разгледани заедно со матичните куќи во Турција и постои реална можност да се некој инвестиции реализират во блиска иднина.Тој, како претседател на Управен Одбор на Меѓународен Балкански Универзитет на премиерот му ги понуди 10 стипендии за студирање на Универзитетот на кој веќе студират 60 студенти од Црна Гора, што беше прифатено со задоволство.

Basbakan-Premier Cg (8).JPG

Делегацијата на МАТТО беше примена и од министер на одбрана, м-р Предраг Бошковиќ со кого се разговараше за соработка на Црна Гора со Република Турција во однос на набавка на производи на војната индустрија како и за интерес за заеднички вложување во производство на војната индустрија. Позиција на Црна Гора како членка на НАТО овозможува пристап на бројни пазари, како што се пазарите на НАТО членки така и глобално.

Министер има истакнато дека Црна Гора е посветена на зајакнување на црногорското стопанство и дека инвестициите во финансијски, транспортен, производен и туристички сектор се од големо значење. Пораст на заинтересираност за инвестирање во Црна Гора е збележен по влезот на земјата во НАТО, особено во секторите земјоделието, енергетика, инфраструктура и банкарството – информира министерот Бошковиќ. Политичка стабилност и безбедност се услови за економски напредок на што владата инсистира. Министер Бошковиќ зборуваше и за приоритетите во развојот на капацитетите на сва три рода на Војската на Црна Гора. 

Savunma Bakanli-Min. za Odbrana (1).JPG
Делегацијата на МАТТО имаше и срдбата со г. Муамер Хајдарпашиќ, државен секретар во Министерство за сообраќај и поморство на Црна Гора. Изразувајќи задовослтвото за интересот на МАТТО за соработка со Црна Гора и можност за трилатерална соработка,  тој ја запозна делегацијата со приоритети за инвестирања во овој сектори на поморски, воздушен, друмски и железнички сообраќај. Тој истакна значењето на пристаништето Бар за развој на Црна Гора које е на стратешката позиција на Патот на свилата, инфраструктурно добро поврзана и која бара инвеститори заради приватизацијата и осовременување. Беше спомнат развој на проектот  Јадранско-јонска магистрала и начин на кој ќе идните инвестиции во сообраќајна инфраструктура имаат влијание врз стопански развојот на земјата но и на регионот. 
 
Ulastirma baknalidi toplantisi - Min za transport sostanok (3).JPG

“Постои значаен простор за продлабочување на економската соработка помеѓу Црна Гора , Македонија и Турција особено во сегментот на инвестиции во производните капацитети  “ е пораката од црногорско-македонско-турски Деловен Форум, (9.05.2018, Погорица) во организацијата на Стопанската комора на Црна Гора во соработка со Министерство за надворешни работи на Црна Гора, Министерство за економија на Црна Гора, Унија на работодавачи на Црна Гора и МАТТО. Разговарано е за економските и инвестиционите потенцијали и можностите за воспоставување на директни деловни контакти и соработка помеѓу црногорските и македонски компани чии основачи се турските компании. 

Потпредседател на Стопанската комора г. Иван Савелјиќ има изнесено податок дека околу 250 турски компании се активни во Црна Гора а овај тренд на раст на интересование  е резултат на членството во НАТО. Според него, турските компании покажуваат особен интерес за црногорски туризам, земјоделието, енергетика, инфраструктура, банкарство, користење на пристаништето Бар – формирање на производни капацитети во слободната зона, претовар на стоки од Турција и дистрибуирање кон замјите од Регионот. “Цениме дека инвестирање во дрвната индустрија, вклучувајќи и производство на мебелот, со искористување на квалитетна суровина и одговорна работна сила можат да дадат одлични резултати за двете страни “ – истакна Севаљевиќ. 

Председател на МАТТО Адемоски, се заблагодари на Севаљевиќ за срдечен прием и накратко ги запозна присутните со МАТТО.  “Турските инвестиции во Македонија, благодарение на меѓукоморската соработка се достигнале ниво од над 1,7 милијарди $САД со тренд на раст. Сегашната стокова размена со Турција е над 400 мил $САД со цел да достигнеме размена од 1 милијарда$САД. Секојдневно ни се зголемува билатерална соработка со Турција, но имаме и план да ја воспоставиме и унапредиме регионалната соработка. Стоковна размена на Црна Гора со  Македонија и Турција изузетно е мала и затоа сме тука со делегација на сериозни компании кои претстатвуваат меѓународни брендови верувајќи дека би можеле да ја унапредиме трговската размена. Гледам во турскиот пазар од над 80 милиони потрошивачи како на  голем предизвик но и во заедничкото излегување на трети пазари каде Турција има договори за слободна трговија. Препорачуваме на нашите членки и матичните турски компании да што поскоро превземаат инвестициони активности во Црна Гора“ – се  обрати претседател на МАТТО на скупот.

Макроекономски показатели, деловен и инвестиционен амбиент беа представени од Радослав Бабиќ, генерален директор на Директоријатот за трансформација и инвестиции во Министерство за економија. На пословениот  форум земаа учество над 40 црногорски компании и многу од нив остварија билатерални средби со делегацијата на МАТТО .

 
Is formu-biznis form (8).JPG
 
Посетата на МАТТО делегација на Црна Гора се зврши со посетата на Луката Бар, каде извршниот Директор Зариа Франовиќ, со соработниците, ја претстави Луката Бар и можностите за учество во приватизација преку инвестирањето. Воедно е напаврена и посетата на Порт Адриа, дел од Луката Бар – концесијата доделена на турската компанија Глобал Портс Холдинг. Сеад Кара, директорот на Порт Адриа ги презентираше можностите на Порт Адриа, која претставува линк во интермодален транспорт во регионот преку интеграцијата со железничката пруга Београд – Бар и друмскиот сообраќај. Во рамките на Порт Адриа е вложено во контејнерски терминал, генерален карго терминал, терминал за дрвна индустрија, ро-ро терминал и терминал за крузери. Оваа инфраструктура во слободната зона  ја овозможува современа дистрибуција во регионот.
 
Adria port konteynr isletmesi Turk Yatirimi ziyaret (1).JPG
 
Luka BAR Liman Yonetimi (3).JPG

Share this post

Back to Blog