Меѓународен Балкански Универзитет со подршка на МАТТО, во Македонски народен театар во Скопје , го организираше настанот “Ноќ на таленти”. На настанот настапија студентите на Меѓународен Балкански Универзитет .
На настанот настапија студенти од многу балкански земји, особено од Р.Македонија, и студенти од Р.Турција. Тие се претставија со голем број на народни ора, традиционални за регионите од каде доаѓаат, и ја претставија својата култура пеејќи традиционални народни песни, танцови, поезија, и глума.
На настанот “Ноќ на таленти” присуствуваа г-дин Ајдован Адемоски, Претседател на МАТТО, г-ѓа Тулин Еркал Кара, Амбасадорка на Р.Турција во Скопје, г-дин Ајдован Адемоски, Претседател на МАТТО, г-дин Јалчин Топчу, главен советник на турскиот претседател, г-дин Метин Ѓундогду, пратеник на Ак партијата од Орду, г-дин Салих Мурат, член на Уставниот суд, г-дин Ајтекин Ајден, координатор на ТИКА во Скопје, г-дин Бехиџуддин Шехаби, државен секретар во Министерство за Култура, голем број на бизнисмени и студенти.


Во склоп на настанот, на студентите од Меѓународен Балкански Универзитет кои се здобија со право за стипендија, им се доделија сертификати.
Настапите беа проследени од страна на спонзорите на настанот. На крајот, на најталентираните студенти, им се доделија награди и признанија.







