Back to Blog

Претставниците на МАТТО се сретна со г-дин Ердоган Сарач, претседател на Движење на национално единство на турците -TMBH

Стопанска комора на Македонија-Турција – МАТТО продолжува со средбите со политичките партии пред изборите.

Претседателот на MATTO, г-динот Ајдован Адемоски, заменик претседател, г-ѓа Букет Герекчи во присуство на  Економски советник при Амбасада на Р.Турција во Скопје, г-дин Гуркан Гезер се сретнаа со претставници на турската партија Движење на национално единство на Турците –TMBH, на чело со претседателот на партијата, г-дин Ердоган Сарач.

МАТТО до ТМBH ги пренeсе барањата и проблемите со кои се соочуваат членките како и проритетите за кои очекува партијата да лобира кај идната власт: што побргу  да се пристапи кон ревизија на Договор за слободна трговија помеѓу Македонија и Трција, во смисла на неговото осовременување и либерализација на земјоделски и прехранбени производи; да се формира министерството за туризам и да се пристапи кон овој сектор како еден од стратешки фактори на развојот на земјата; да се олеснат процедурите за издавање на согласности за престој во земјата, за странци, а со цел привлекување на странските студенти на школување на нашите високобразовни институции како и поефикасна процедура во издавањето  согласност за времен престој на квалификувана сила; да се издејствува субвенција за Меѓународен Балкански Универзитет, како што е субвенција за Штулов универзитет во Тетово; основање на ТИРЗ во струмичко-гевгелијскиот крај, врз основа на приватно јавно партнерство со турските инвеститори; владата да воспостави дијалог со турската  Егзим Банк за реализација на постоечкиот кредит од 400 000 САД$, одобрен за Македонија.

Г. Сарач ги запозна претставниците на МАТО со Изборната програма на TMBH. Тој ги подвлече партиските планови за развој на економијата доколку дојдат во владата како коалиција. Г. Сарач додаде дека тие како партија имаат за цел да го заштитат турскиот капитал.

Share this post

Back to Blog