Back to Blog

Комора за надворешна трговија на Босна и Херцеговина на МАТТО му додели сребрено признание со кое се одликуваат компании кои вработуваат над 500 вработени

Како гостин на седницата на Управен Одбор на МАТТО (19.04.2017), присуствуваше, г-дин Бруно Бојиќ, Претседател  на  Комора за надворешна трговија на Босна и Херцеговина, во коа прилика му врачи на г. Ајдован Адемоски, претседател на МАТТО, признание за МАТТО – како организација чии членки вработуваат повеќе од 500 вработени.  Комора за надворешна трговија на Босна и Херцеговина досега има доделено вакви признанија на 7 компании. Оваа средба се случи во рамките на државно стопанска посета на  Н.Е. г-дин Младен Иваниќ, Претседавач со Претседателството на Босна и Херцеговина на Република Македонија.

Како гостин на седницата на Управен Одбор на МАТТО (19.04.2017), присуствуваше, г-дин Бруно Бојиќ, Претседател  на  Комора за надворешна трговија на Босна и Херцеговина, во коа прилика му врачи на г. Ајдован Адемоски, претседател на МАТТО, признание за МАТТО – како организација чии членки вработуваат повеќе од 500 вработени.  Комора за надворешна трговија на Босна и Херцеговина досега има доделено вакви признанија на 7 компании. Оваа средба се случи во рамките на државно стопанска посета на  Н.Е. г-дин Младен Иваниќ, Претседавач со Претседателството на Босна и Херцеговина на Република Македонија. Г. Бруно Бојич истакна, дека мора заеднички да ги развиваме нашите пријателски односи и меѓусебна деловна соработка

Зборувајќи за економската соработка помеѓу БиХ, Македонија и  Турција, тој нагласи дека не е задоволан ниту од износот на инвестици помеѓу  БиХ  и Турција, помеѓу БиХ и Македонија, ниту од обемот на трговската размена. “Сметам дека тоа што го постигнавме не ги одразува доволно нашите, веќе добри трилатерални братски односи ниту пак нашите потенцијали”. Тој посака да се придонесе повеќе  за развој на соработката – двете комори во иднина да работат на препознавање на интересите на своите членки и можностите кои ќе значат унапредување на економската соработка.
Г-ѓа Нина Пробиќ, Раководител на Одделот за промоција на странските инвестиции во  Агенцијата за странски инвестиции на Босна и Херцеговина, на присутните членки на УО им ги презентираше можностите за инвестирање во Босна и Херцеговина и деловен амбиент.

Share this post

Back to Blog