Одржаниот состанок со Вицепремиерот Г-дин Владимир Пешевски на 10 Мај
На 10 Мај 2010 година, во седиштето на МАТТО се одржа состанок со присуство на Вицепремиерот за економски прашања Г-дин Владимир Пешевски. Целта на овој состанок беше зајакнувањето на економската соработка помеѓу Република Македонија и Република Турција, како и истакнувањето на проблемите со кои се среќаваат Турските фирми во текот на своите дејности во Македонија.
Претседателот на МАТТО Г-дин Туна Ејуп Кахвеџи во својот почетен говор, кажа дека `Агенцијата за странски инвестиции, како и МАТТО имаат за цел привлекување на Турските деловни луѓе во Македонија. Меѓутоа потребно е да ги имаме во предвид проблемите со кои се среќаваат откако ќе дојдат.`
Вицепремиерот Пешевски, на состанокот кој помина на начинот на прашања и одговори, назначи дека комуникацијата помеѓу Република Турција и Република Македонија не се развива само од аспект на кориет туку таа комуникација е човечка. Со убеденост дека сотанокот ќе покаже добри резултати, истотака ваквите средби на кои деловните луѓе имаат можност да ги објаснат своите проблеми ги процени како позитивни за ефикасноста на понатамошната дејност и како контролен механизам за привлекувачките политики на странските инвестиции од страна на државата. Пешевски исто така даде големо значение на ваквите активности и продолжи: `Истакнатите проблеми од страна на организациите како вас и деловните луѓе, ни се при корист за да се одредат главните точки кои се потребни да се имаат во предвид. Ние како државни органи само на овој начин имаме можност да ги дознаеме ваквите ситуации`.
Пешевски, кажа дека Македонската регулатива е во согласност со Европската регулатива, поради тоа сеуште не се има можност да се реализираат посакуваните леснотии кои се донесени.
По прашањето на Претседателот за можноста на реализирањето на предлогот за привремената дозвола, Пешевски одговори дека нема можност да одговори на тоа прашање, меѓутоа ќе се консултира со надлежните.
Во продолжение на состанокот на кој беа искажани проблемите при вадење на престој и работна дозвола, се спомна и процесот на денационализацијата. Каде што, по инвестирање на странски државјанин на некое земјиште, има можност да се појави сопственикот на земјиштето и по судската постапка да се изгуби правото на сопственост на земјиштето на кое е инвестирано.
Пешевски, одговори дека `90 % од ваквите процеси се веќе решени. Меѓутоа останати се уште 3000-4000 апликации и сметаме дека овие постапки ќе траат во наредните 10 години. Ова не треба да се прифати како грешка во системот, туку тоа е ситуација каде што им се покажува посебно внимание на граѓаните кои со национализација изгубиле од своите права. Најповолен начин за да се надминат ваквите ситуации е така што да му се дадат подетални информации на инвеститорот во врска со земјиштето.
Од областа на градежништвото, како одговор на прашањето на деловните луѓе кои истакнаа проблематиката во гаранцијата за извршувањето на работите, одговори дека `Поднесените повратни гаранции од 2004 година сеуште не се реализирани. Проблемот произлегува во тоа што во државната работа нема континуитет.` Пешевски ова го процени како сериозен проблем, за кој потребно е да се поднесе судска постапка.
Аташето за трговија при Амбасадата на Република Турција Г-дин Хакан Кизартиџи; `Договорот за слободна трговија помеѓу двете земји се потпиша во 1999 година и стапи во сила во 2000 година. Од тој датум не е ревизиран овој договор. После тоа беа потпишани и други договори, меѓутоа на секоја средба со надлежните од Министерството за економија и стопанските комори, се покажува желба за да се одржи седница на Комитетот на партнерството. Со поддршката и на Амбасадорот, во Јули минатата година покажавме иницијатива за ваква една средба, но не успеавме поради тоа што не ни беше одреден денот за средба. Сакав само да ве информирам за тоа.`
На крајот Вице премиерот Пешевски им се заблагодари на сите кои присуствуваа на оваа средба и истакна дека во секое време тие ќе имаат можност да контактираат за искажување на проблемите и дека ќе одреди лице за контакт од кабинетот.