на 6ти септември 2014, Делегацијата на МАТТО на состанокот организиран од страна на Светскиот турски бизнис совет (ДТИК) во германскиот град Келн
На состанокот на 6ти септември 2014 организиран од страна на Светскиот турски бизнис совет (ДТИК) во германскиот град Келн, присуствуваа: Претседателството на нашата стопанска комора г-динот Туна Ејуп Кахвеџи, Копретседавачот на комората воедно и градски преставник на светскиот турски бизнис совет (ДТИК) задолжен за град Скопје, членката на Управен Одбор, Заменик Претседател и градски преставник на светскиот турски бизнис совет (ДТИК) задолжен за Југозападна Македонија, и членката на Управен Одбор г-динот Асмир Јахоски градски преставник на Северозападна Македонија на Светскиот турски бизнис совет (ДТИК).
За турските бизнисмени да имаа Светскиот турски бизнис совет (ДТИК) ги интензивираше напорите со цел да го зајакне турското лобирање со тоа што ќе ги спои Турските претприемачи и професионалци кои престојуваат во странство. т моќ да се лобираат поефикасно, организацискиот модел во странство преминува од државно во градско ниво. Во рамките на активностите на светкиот турски бизнис совет ДЕИК кој е организиран во светот бројката на градови премина преку 200. Претседателот на ДЕИК И ДТИК Рифат Хисарџиклиоглу во градот Келн се обрати на околу 600 турски бизнисмени: Нашата цел е на стогодишнината на нашата република да ги достигнеме активностите на кинеските и еврејските дијаспори и да станеме една од најефективните 3 дијаспори. Нема да бидеме најмногубројни ама како цел утврдивме дека ќе бидеме први помеѓу најефективните. Оваа корпоративна структура ќе придонесе дестинацијата на соништата и целите на Турција да станат реалност.
Откако заврши со организација на Европските и Балканските градови, по Австралија – ДТИК во германкиот град Келн ја утврди стратегијата за периодот што следи, спојувајќи околу 600 турски бизнисмени. На 6ти септември 2014 година на состанокот кој се реализираше во Келн, се одржа церемонија на која беа доделени сертификати на 120 градски преставници од 25 земји. На состанокот присуствуваа Амбасадорот на Република Турција во Берлин г-дин Хусејин Авни Каршлиоглу, и Претседателот на ТОББ Рифат Хисарџиклиоглу, замениците на Претседателот на ТОББ г-дин Халим Мете и Фаик Јавуз, членката на Управен одбор на ТОББ Сахин Билгич, Замениците на Претседателот на Управен одбор на ДЕИК Зејнел Абидин Ердем, Ајхан Зејтиноглу, меѓу кои се најде и членката на Управниот одбор на ДЕИК Мурат Јалчинташ.
Улогата на дијаспората во 2023
Пред церемонијата на доделувањето на сертификати на ”Големиот собир на Европа и Балканот” во градот Келн на состанокот со медиумите Претседателот на Управен Одбор на ДЕИК/ДТИК Рифат Хисарџиклиоглу се обрати со следниве зборови: ‘’Нашата национална цел е 2023 година да се одржи со храброст, искуство и знаење на турските претприемачи. Овие цели се шират низ целиот свет, и ќе се постигнат со динамиката на турски претприемачи. Во овој поглед искуството на другите земји ни нуди интересни примери. Кинеската дијаспора ја направи Кина производствена база во светот.
Индиската дијаспората ја има направено Индија светски софтверски центар. Израел, кој работи на ефективна комуникација и соработка со дијаспората стана центар на иновации. На ист начин и ние да бидеме глобални актери во дијаспората заедно со 6 милиони турци кои живеат во странство: Еден од најважните работи е да ја оствариме целта за влез во првите 10 економии во светот.
Се основа центар на турската дијаспора
За зајакнување на турската дијаспора ќе се спроведат нови проекти истакна Хисарџиклиоглу, ТОББ во рамките на ЕТУ најави дека ќе воспостави Светски истражувачки и апликативен центар на турските претприемачи. Хисарџиклиоглу ги даде следниве информации:
‘’Нашиот втор проект беше воедно да се поседува дијаспората и забрзување на аутсорсинг процесот на Турските брендови и на тој начин дијаспората беше на Франшиза платформата. Од таа причина склучивме протокол со Националната државна асоцијација (УФРАД). Со овој протокол на нашите претприемачи во дијаспората им се дава попуст на франшизата. Нашиот трет проект е секоја година да донесеме одреден број на млади и успешни луѓе од дијаспората во Турција. Ќе бидат практиканти во домашните компании. Всушност во програмата на младите учесниците ќе бидат вклучени и Претседателите на деловниот совет ДЕИК, воедно и ќе им се обезбеди менторство од нивна страна.
Целта на 100 милијарди долари.
Хисарџиклиоглу изјави дека за Турската дијаспора до 2023 година, и периодот на извршувањето од 10 години имаме две економски цели со турските претприемачи во дијаспората. Првата од нашите цели е, до 2023 година дијаспората да достигне вредност до 100 милијарди долари. Втората е, најмалку 10 фирми основани од страна на претприемачите во дијаспората да бидат центри на идната финансиската област во Истанбул поточно да преставува отварање на Истанбулската берза за народот.