Back to Blog

Економска дипломатија на МАТТО: Зајакнување на соработката со локалната самоуправа и приватниот сектор во регионот Прилеп

Cтопанска комора на Македонско–Турција (МАТТО), со цел унапредување на економските односи меѓу Северна Македонија и Турција, зајакнување на соработката со локалните самоуправи и промоција на одржлив развој, оствари значајни контакти во регион Прилеп.

Делегацијата на МАТТО, составена од Почесниот претседател, Амбасадорот на Република Турција во Скопје Н.Е. Фатих Улусој, Почесниот член на Управниот одбор и трговскиот советник Синан Танриогeн, Претседателот на Управниот одбор на МАТТО и почесниот конзул во Битола Ајдован Адемоски, како и Потпретседателот на МАТТО и генералниот директор на Халкбанк д-р Фатих Шахбаз, оствари средби со претставници на јавниот и приватниот сектор во Прилеп.

Соработка со Општина Прилеп

Делегацијата изврши куртоазна посета на новоизбраниот градоначалник на Општина Прилеп, г-дин Дејан Проданоски. На средбата беа разгледани досегашните форми на соработка со Општината, како и можностите за јавно-приватни партнерства, проекти за локален развој, создавање нови работни места и активности насочени кон одржлива економија.

Дополнително, беше истакнато значењето на заеднички проекти во областите на образование, култура и туризам, кои ќе го искористат богатото културно и историско наследство на Прилеп.

Посета на членката на МАТТО – „Витаминка“

Делегацијата ја посети фабриката на Витаминка, членка на МАТТО, сместена во Прилеп. Со Претседателот на Управниот одбор, Симон Наумовски, и извршниот директор, Сашо Наумовски, беше разговарано за придонесот на компанијата во зголемување на трговскиот промет меѓу Северна Македонија и Турција, како и за создавањето нови работни места.

Витаминка, како една од водечките компании во прехранбената индустрија во регионот, се истакнува со својот приод кон одржливо производство и корпоративна општествена одговорност.

Посета на „Фимар Балкан“

Дополнително, делегацијата го посети членот на Управниот одбор на МАТТО, компанијата Фимар Балкан, која од 2016 година работеа во Прилеп, со мермерни копови и фабрики за обработка на мермер. Беше истакнат придонесот на турските компании во регионалниот развој и важноста од поттикнување на нови инвестиции.

Share this post

Back to Blog