Претседателот на MATTO г-дин Ајдован Адемоски и заменик претседателот г-динот Есер Џевахир во Анкара остварија средба со министерот за надворешни работи на Р.Турција, г-динот Мевлут Чавушоглу
(12.09.2019) …
Претседателот на МАТТО г-динот Ајдован Адемоски и заменик претседател г-дин Есер Џевахир, денес во Анкара остварија средба со министерот за надворешни работи на Р.Турција, г-дин Мевлут Чавушоглу.
На средбата со Чавушоглу беше дискутирано за зголемување на обемот на трговска размена помеѓу Р.Турција и Р.Северна Македонија како и за можностите за инвестирање на турските инвеститори.
Со ратификување на Протоколот за членство на Р.С. Македонија, во НАТТО и од страна на Р. Турција, земјата се доближува до членство во НАТО, со што се создаваат услови за зголемување на билатералната трговската размена до 1 милијарда САД $ и ќе се привлечат странските инвестиции. Со ратификација Протоколот се создават услови на стабилноста на Р.Северна Македонија и регионот, што ќе влијае на зголемување на бројот на инвестиции и трговијата помеѓу двете земји.Беа дискутирани и други теми во врска со унпредување на еконмската соработка.
Претседателот на МАТТО г-динот Ајдован Адемоски и заменик претседателот г-динот Есер Џевахир, се сретнаа и со г Александар Муцунски, амбасадорот на Р.С. Македонија, во Анкара.