Посета на МАТТО од страна на Бизнисмени од Нусајбин (19 јуни 2019 година)
Со цел подобро запознавање со инвестициските можности во земјата се оддржа деловен форум со бизнис делегација од Стопанска и Индустриска комора на Нусајбин.
Делегација предводена од страна на -дин Махсум Озмен, Претседател на Управен Одбор на Стопанска и Индустриска комора на Нусајбин, беше пречекана од страна на заменик претседател на МАТТО, г-ѓа Букет Герекчи и економски советник при Амбасада на Р.Турција во Скопје, г-дин Ѓуркан Гезер.
Г-ѓа Букет и г-динот Ѓуркан споделија општи информации во врска со бизнис климата и инвестициските поволности во Р.Северна Македонија.
Делегацијата од Нусајбин истакна дека на Р.С. Македонија гледаат како на потенцијален пазар, на кој до сега не биле присутни. Би сакале, стопанството на Нусајбин, освен Тракија, Истанбул и Измир, поактивно се вклучи во трговската размена Македонија-Турција.
