Back to Blog

MATTO, заедно со Вицепремиерот на Р.М ги презентираше поволностите за инвестирање во Македонија пред турските деловни луѓе

Програмата која беше организирана помеѓу 10-14 Октомври 2010 година, во Газиантеп, Анкара и Истанбул со цел на презентирање на можностите за инвестирање во Македонија беше одржана со делегација водена од страна на Вицепремиерот на Република Македонија Г-дин Абдилаким Адеми.  
Во рамките на програмата, со организација направена во Газиантеп од страна на Членот на Програмата која беше организирана помеѓу 10-14 Октомври 2010 година, во Газиантеп, Анкара и Истанбул со цел на презентирање на можностите за инвестирање во Македонија беше одржана со делегација водена од страна на Вицепремиерот на Република Македонија Г-дин Абдилаким Адеми.  
Во рамките на програмата, со организација направена во Газиантеп од страна на Членот на Управниот одбор на МАТТО Г-дин Јакуп Арслан, посетени се Гувернерот и Градоначалникот на Газиантеп и одржани се средби во Стопанската комора и Индустриската комора во Газиантеп. На овие средби присуствуваше и Претседателот на нашата комора Почитуван Г-дин Туна Ејуп Кахвеџи каде што и презентираше.
После одржаните средби посетена е Слободната индустриска зона на Газиантеп каде што Претседателот на Слободната индустриска зона на Газиантеп на делегацијата одржа брифинг.
Програмата во Газиантеп заврши со организираната вечера од страна на Претседателот на Управниот одбор на ГАПГИАД (Здружение на млади деловни луѓе на Газиантеп) Г-дин М. Али Мутафоглу. На вечерата присуствуваа околу 150 деловни луѓе, меѓу кои Вицепремиерот на Република Македонија Г-дин Абдилаким Адеми и Претседателот на нашата комора Г-дин Туна Ејуп Кахвеџи одржаа говори со цел на презентирање на можностите за инвестирање.
Вториот ден на програмата, беше организирана од страна на членот на Управниот одбор на МАТТО Г-дин Максут Карајалчин и беше одржан во Анкара. Како прво се одржа средба со Државниот министер Г-дин Зафер Чаглајан. Потоа беа посетени Индустриската комора и Стопанската комора во Анкара. На овие средби каде што присуствуваа голем број на деловни луѓе  Вицепремиерот на Република Македонија Г-дин Абдилаким Адеми како и Претседателот на нашата комора Г-дин Туна Ејуп Кахвеџи ги презентираа можностите за инвестиција во Македонија.
Третиот ден кој се одржа во Истанбул беше организиран од страна на Членот на Управниот одбор на МАТТО Г-дин Реџеп Паламут. Првата посета беше одржана во Организираната индустриска зона на Икителли. Претседателот на слободната зона на делегацијата одржа брифинг. Потоа се посети Собранието на турските извозници, каде што делегацијата беше примена од страна на Претседателот на собранието Г-дин Мехмет Бујукекши.
На крајот на денот се одржа средба во рамки на деловна вечера, која беше организирана од страна на АСКОН (Конфедерација на деловни луѓе од Анадолија) и на која присуствуваа околу 100 деловни луѓе. На вечерата Претседателот на АСКОН Г-дин Мустафа Коџа покажа желба за опширна подршка на секаква активност во Македонија. На крајот на вечерата Вицепремиерот на Република Македонија Г-дин Абдилаким Адеми како и Претседателот на нашата комор Г-дин Туна Ејуп Кахвеџи ги презентираа можностите за инвестиција во Македонија.
По одржаните средби делегацијата на 14 Октомври се врати во Скопје.

Share this post

Back to Blog