Back to Blog

Билтерални средби на турските производители со прехранбени производи со македонските дистрибутери

Во организација на МАТТО, претставниците на Медитеранската асоциација на извозници, Здружение на производители и трговци со прехрамбени производи и риба, со седиште во Мерсин, денеска имаа Б2Б средби со над 20 македонски дистрибутери со храна. Турските компании беа од Мерсин, Адана и Коња. Самата Асоциација, инаку основана 1937 година и брои осум струкови здружениа, низ цела Турција. Компаниите членки на Асоциацијата, работат, извезуваати во 150 држави. Сите турски компании кои се сретнаа денеска се извозници во ЕУ, Северна Африка, Блиски Исток и Кавказ. Тие можат да бидат партнери или конекција на македонски фими за овие трети пазари.

“Ако можеме да бидеме присатни на 150 светски пазари, треба да бидеме и кај комшиите. Денес се сретнавме со сериозни македонски дистрибутери со прехрана и средбите беа квалитетни и ветувачки. Ние сме извозници, зошто да не извезуваме заедно на трети пазари. Преку заеднички вложувања можеме да креираме производство за трети пазари.” – изјави г. Али Џан Јаманјилмаз, претседателот на Здружението и сопственик на компаниа за конзервирање на туна и производство на пилешки салами.

Г. Узун Ајхан, потпретседател на MATTO и генерален менаџер на Рамсторе, ја претстави Македонија како пријателска земја во која има потенцијал за развивање на бизниси и земја во која владее сигурност. Тој истакна дека треба да се разговара за прашањето на забрана на Р.С.Македонија за увоз на пилешкото месо и преработки бидејќи такова забрана постои од страна на ЕУ. Сепак, нас, Македонија, како не членка на ЕУ не не обврзува. Турција извезува овие производи во Албанија, Косово, БиХ.

Share this post

Back to Blog