24 Јуни во среда реализира програмата во која беше презентирана веб страницата
Стопанската комора на Македонија – Турција, на 24 Јуни во среда реализира програмата во која беше презентирана веб страницата www.matto.com.mk. Презентацијата ја направи претседателот на МАТТО Туна Ејуп Кахвеџи, покрај тоа што истакна дека заврши заморната и успешната работа која траеше подолго време, истотака им се заблагодари на сите вработени кои работеа на подготовките на страницата. Со презентацијата во исто време отпочна и можноста за регистрирање и зачленување во веб страницата.
Во веб страницата на МАТТО има можности да добиете информации каде што се презентираат двете земји, Македонија и Турција, дневен девизен курс, истотака и вести од економија и тендери кои ќе бидат во користа на фирмите членки на МАТТО и за сите други заинтересирани и инвеститори.
Документацијата, настана по шест месечната интензивна и педантна работа, поточно од формирањето на МАТТО. МАТТО, редовно ги ажурира овие податоци покрај основните макроекономски индикатори на економскиот развој исто така и преглед на поволности за инвестирање во земјата, ранг место на Македонија според методологијата на меѓународните финансиски институции, развој, вработување, бруто домашен производ и други податоци од секторите индустрија, земјоделство, надворешна трговија, градежништво, транспорт и туризам.
Во продолжение на презентацијата на веб страната, се одржа семинар на тема „Во рамките на глобалната криза кратка,средна и долгорочната позиција на Македонија„ Семинарот го носи карактерот на исполнување на одржаниот 1. Семинар на иста тема. Овој пат дискутиравме од политичката перспектива. Др. Методиј Хаџи Васков, заменик министер за економија, кој присуствуваше како семинарист даде корисни објаснувања во врска со глобалната криза.
Програмата заврши со коктел и музика со румелиски песни од КУД „Јени Јол” кој е формиран во 1947 година.