Back to Blog

На 26 Октомври 2013 година со придонес на МАТТО, во рамките на организација на Општина Чаир и Румелисиад, се оддржа конференција на која се дискутираше за Можностите за Инвестирање во Скопје

На 26ти Октомври 2013 год со придонес на МАТТО, во рамките на организација на Општина Чаир и Румелисиад се оддржа конференција на која присуствуваа Советникот за Трговија при Амбасадата на Република Турција во Скопје, Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија, и Советникот на Претседателот на Р.М г-ѓа Лулјета Чуфлиу.
На конференцијата зедоа збор Претседателот на У.О на МАТТО г-дин Туна Ејуп Кахвеџи, Претседателот на У.О на Румелисиад г-дин Мустафа Кирчи, Претседателот на Општина Чаир г-дин Изет Меџити. Дискусијата беше околу соработката помеѓу двете земји, поддршката и можностите за инвестирање во регионалните предели. Во продолжение се потпиша протокол помеѓу МАТТО и Румелисиад.
Во завршетокот на говорот, се оддржаа билатерални средби помеѓу членките на нашата комора, членките на Румелисиад, и членките на Северо-Западна комора на Македонија, и се здобија со информации врз основа на досегашните инвестиции помеѓу двете земји.
Исто така се дискутираше околу можностите за соработка и инвестирање. По завршетокот на билатералните разговори, Делегацијата замина во посета на Министерот за Економија на Р.М г-динот Ваљон Сарачини.
Kликнете на линкот за да ја проследите фотогалеријата >>>

Share this post

Back to Blog