Back to Blog

Се потпиша договор за соработка помеѓу МАТТО и Стопанска комора на Измир

На Бизнис-форумот се потпиша договор за соработка помеѓу г-дин Алп Ер Тунга од име на МАТТО и г-дин Емре Илалан, членка на Управен Одбор, од име на Стопанска комора на Измир.

На денешниот бизнис-форум се потпиша договор за соработка помеѓу Стопанска комора на Македонија-Турција (MATTO) и Стопанска комора на Измир.  

На бизнис-форумот кој се оддржа во Хотелот Холидеј Ин, Трговскиот советник при Амбасада на Р.Турција во Скопје г-дин Бунјамин Кутлу на приусутните бизнисмени им ги презентираше можностите за инвестирање во Р.Македонија.

г-дин Алп Ер Тунга Ерсој, Заменик-Претседател на МАТТО, на членките на Стопанска комора на Измир им даде информации во врска со улогата на МАТТО. 

По давање на одговор на поставените прашања од страна на бизнисмените во врска со  можностите за инвестирање во Р.Македонија, се потпиша договорот за соработка. 

Од име на MATTO, г-дин Алпер Тунга Ерсој, Копретседавач на МАТТО и од име на Стопанска комора на Измир, г-дин Емре Илалан, членка на УО, се потпиша договор за соработка.   Се одржаа билатералните средби помеѓу македонски и труски компании од областа на ИТ-секторот и од секторот за медицински материјали

На Македонско-турскиот бизнис форум на ИТ-секторот и здравствениот сектор, организиран со заедничка соработка на Стопанска комора на Македонија-Турција (МАТТО), Стопанска комора на Македонија и Стопанска комора на Измир, претставниците  од Ит-секторот и здравствениот сектор, ја презентираа улогата на своите сектори. На бизнис –форумот се зборуваше околу зголемување на соработката меѓу компаниите од двете земји, користа од  ЕУ проектите и наоѓање на стратешки партнери за заедничко настапување на трети пазари. 

MМарија Томеска, заменик-претседател на МАТТО, присутните бизнисмени ги информираше во врска со улогата и активностите на МАТТО.   На Бизнис-форумот се обрати и  г-дин Емре Илалан, член на УО на Стопанска комора на Измир, проф. д-р Андреја Арсовски, Претседател на Здружението на приватните здравствени организации,  и г-ѓа Марија Дарковска, Директорот на Агенцијата за Медицински материјали. 

“Потпишување на договорот претставува добар почеток за понатамошна соработка”

Емре Илалан, член на Управниот одбор на Стопанската комора од Измир, за медиумите истакна дека во Скопје ќе престојуваат само еден ден и ќе започнат со билатералните средби со компаниите од ИТ-секторот и од секторот за медицински материјали. „Можеби во државата постои политичка нестабилност, но дојдовме тука бидејќи не мислиме дека тоа ќе биде проблем од аспект на инвестирање. Истото го дискутиравме и со многу други компании. Мислиме дека тука ќе постигнеме добри резултати“, вели Илалан, кој пренесе дека со цел подобро да допрат до клиентите, ги посетуваат сите земји и нив истовремено ги запознаваат со Измир и со Турција. 

Г-динот Илалан, член на УО на Стопанска комора на Измир  истакна дека разговорите во Македонија завршија позитивно, и дека со потпишувањето на договорот за соработка со МАТТО, претсавува еден нов почеток за понатамошна успешна соработка.  

Г-ѓа МаријаТомеска, заменик-претседател на МАТТО, посочи дека МАТТО стои на располагање за да ги поддржи во нивните намери и верува  дека во иднина, соработката меѓу Македонија и Турција преку вакви договори ќе се зголеми и ќе стане навистина едно партнерство коешто ќе придонесе за развојот и на двете држави. Економската размена меѓу Македонија и Турција, како што вели Томеска, е на високо ниво и изнесува 450 милиони евра, но, според неа, со дополнителните врски што ќе ги создадат со другите комори, ќе се зголеми трговската размена меѓу овие две земји. 

Share this post

Back to Blog