Претседателот на МАТТО г-дин Ајдован Адемоски во просториите на МАТТО ги пречека Претседателот на Стопанската и индустриска комора на Хопа, г-дин Осман Акјурек и сопственикот на Ипекјол Наклијат, г-дин Омер Хаџиоглу
Претседателот на МАТТО г-дин Ајдован Адемоски, во просториите на МАТТО ги пречека претставниците на Стопанската и индустриска комора на Хопа. Гостинската делегација беше информирана за активностите на МАТТО. На средбата се разговараше за можностите за инвестирање и за меѓусебните економски и трговски односи меѓу двете земји. Адемоски на гостите од Хопа информираше можностите кои ги нуди Македонија на инвеститорите. Постигнат е консензус за продлабочување на соработката меѓу двете институции. Тој додаде дека МАТТО како комора е подготвена да пружи поддршка од секаков вид.