Бизнис делегација од Република Туркије се сретна со претставници на MATTO
На средбите беа разгледани инвестициските можности во Република Северна Македонија, потенцијалот за трговија меѓу двете земји и можностите за соработка. Во рамките на состаноците се одржаа и разговори меѓу делегациите, како и билатерални средби.
Делегацијата составена од претставници на бизнисот и академската заедница, предводена од поранешниот пратеник од 24. состав и претседател на Балканскиот центар за стратешки истражувања, г-дин Рифат Саит, беа во посета на Скопје и ги посетија просториите на Стопанската комора на Македонија-Турција МАТТО, со цел да ги разгледаат инвестициските можности во Република Северна Македонија. Делегацијата оствари билатерални средби со претставници на MATTO.
Делегацијата ја пречекаа потпретседателот на MATTO и генералниот директор на Халк Банка АД Скопје, г-дин Фатих Шахбаз, трговскиот советник при Амбасадата на Република Туркије во Скопје, г-дин Синан Танриоген, членот на Надзорниот одбор на MATTO, г-дин Али Пекер, членот на Енергетската комисија, г-дин Шамил Реџепи, главниот советник на Управниот одбор на МАТТО, г-дин Турхан Адеми, и извршниот директор на МАТТО, г-дин Шапхаз Молалиев.
На средбите беа разгледани инвестициските можности во Република Северна Македонија, потенцијалот за трговија меѓу двете земји и можностите за соработка. Во рамките на состаноците се одржаа и разговори меѓу делегациите, како и билатерални средби.
Почесниот претседател на MATTO и амбасадор на Република Туркије во Скопје, г. Фатих Улусој, ја прими делегацијата.




