Имаме проекти за фирмите за профит, а за граѓаните за нови работни места
Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев заедно со министерот без ресор задолжен за странски инвестиции, Аднан Ќахил и советникот за економија и финансии, Фатмир Бесими вчера, доцна попладне, одржаа работен состанок со седумдесетина компании членки на Стопанска комора Македонија – Турција, МАТТО кои беа предводени од претседателот на комората, Ајдован Адемовски.
На работната средба со компаниите членки на МАТТО премиерот Заев ги потврди силните заложби на Владата на Република Македонија да ја интензивира економската соработка со Република Турција и посочи дека токму ваквиот тип на средби се во правец на остварување на тие заложби.
Премиерот Заев ги пренесе позитивните впечатоци од неодамнешната официјална посета на Република Турција и рече дека постои силна политичка волја од двете страни традиционалното вековно пријателство уште поинтензивно да се рефлектира низ зголемување на економската соработка помеѓу двете земји.
Во рамки на работната средба беа споделени размислувања, идеи и препораки од страна на бизнис заедницата.
Пред самиот почеток на работната средба премиерот Зоран Заев даде кратка изјава за медиумите.
„Импресионирани од мотивацијата којашто ја добивме од неодамнешната посета на Турција, наша заедничка должност е да разработиме конкретни проекти и активности кои за деловната заедница ќе значат бизнис и повеќе профит, за Република Македонија нови работни места, зголемување на БДП и севкупниот извоз“, порача премиерот Заев.
Премиерот Заев рече дека во Македонија веќе работат сериозен број на турски компании кои плаќаат плата на вработените, плаќаат даноци во буџетот и учествуваат во севкупното производство и во извозот, и порача дека уште повеќе треба да се зголемува овој број на турски инвестиции и да се искористи големиот потенцијал за соработка што двете земји го имаат.
„Охрабрувањето што го добивме од Турската стопанска комора и од разговорите со премиерот Јилдирим и претседателот на Турција, Ердоган покажуваат една сериозна посветеност во детали кон Република Македонија. Негуваме едно традиционално вековно пријателство коешто мора да не охрабри сите, пред се деловната заедница да преземеме уште поконкретни инвестиции во Република Македонија“, рече премиерот Заев на средбата со турските бизнисмени во Република Македонија.
Премиерот Заев информираше за можностите што ги отвора Планот за економски раст и законското решение коешто помина на владина седница и изрази силни очекувања дека стопанствениците ќе ги пронајдат своите можности за инвестирање преку поддршката што ја овозможува овој план и ќе преземат храбри чекори за нови инвестиции во Македонија.
Се разговараше за економската соработка, растот на обемот на трговијата и за создавање на потребната инфраструктура за инвестирање на турските... читај повеќе
Во организација на МАТТО, претставниците на Медитеранската асоциација на извозници, Здружение на производители и трговци со прехрамбени производи и риба,... читај повеќе
Стопанската комора на Македонија – Турција, МАТТО и Сојузот на стопанските комори на Македонија потпишаа Протокол за соработка на Бизнис... читај повеќе
Делегација на Стопанската комора Македонија – Турција (МАТТО), предводена од претседателот г. Ајдован Адемоски, оствари работна посета кај новоизбраниот градоначалник... читај повеќе
Република Македонија сака да ја зголеми трговијата и инвестициите со Чешка Република
Република Македонија сака да ја зголеми трговијата и инвестициите... читај повеќе
На редовната седница на Управниот одбор, која се одржа на 30.11.2021 година во просториите на Стопанската комора на Македонија-Турција (МАТТО)... читај повеќе