Back to Blog

МАТТО учествуваше на 12-тиот (Travel Turkey İzmir) саем за туризам во Измир,Турција со саемот со 4 членки

Од 6-8 декември оваа година, во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Македонија беше земја партнер на 12-тиот (Travel Turkey İzmir) саем за туризам во Измир,Турција. Саемот беше организиран под покровителство на Министерство за Култура и Туризам на Република Турција и Општина Измир која беше домаќин, ИЗФАШ Измирски саем и ТУРСАБ- Асоцијација на туристички агенции од Турција. Со поддршка од страна на нашата членка Туркиш Ерлајнс и Македонија која е земја партнер на 12-тиот Travel Turkey İzmir саем, МАТТО учествуваше на саемот со 4 членки од секторот за туризам, Туркиш Ерлајнс, Хотел СтонБриџ, Бадемтур, Вардар Експрес.

12-тиот (Travel Turkey İzmir) саем за туризам кој се оддржа од 6-8 декември 2018 год,во Измир,Турција, беше плоден во поглед на придонес за развој на односите помеѓу Македонија и Турција.

На саемот присуствуваа и членките на Стопанска комора на Македонија-Турција и се разговараше за конкретни чекори кои треба да се преземат со Стопанските комори на Егејскиот регион.

Г-динот Шахпаз Молалиев, Извршен Директор на МАТТО, во разговорите кои ги оствари со Стопанска комора на Измир, кажа дека МАТТО реализира активности со цел  зацврснување на односите помеѓу Македонија и Турција, и дека е од голема важност потпишување на протокол за соработка помеѓу двете комори.

Г-динот Молалиев, на надлежните на Стопанска комора Измир, им  даде информации за можностите за инвестирање во Македонија и настапување на трети пазари. Покрај протоколот за соработка ги покани деловните луѓе од Стопанските комори да дојдат во Македонија и да инвестираат.

Во разговорите со Стопанска комора Ердемит, кои ја изразија својата намера за потпишување на протокол за соработка со МАТТО, им се дадоа информации за можностите за инвестирање и потенцијалите во Македонија и земјите од регионот. 

Се разговараше и за тоа МАТТО, следната година да развие понатамошна соработка со стопанските комори во Егејскиот регион и да се интензивираат посетите.

Share this post

Back to Blog