Заменик-министерот за надворешни работи на Турција, Х. Али Озел, оствари средба со членовите на МАТТО
Заменик-министерот за надворешни работи на Република Турција и член на Одборот на доверители на Турската фондација Маариф, г. Х. Али Озел, во рамки на официјалната посета на Северна Македонија, оствари средба со членовите на Стопанската комора Македонија–Турција (МАТТО).
На работниот ручек, организиран од страна на претседателот на Управниот одбор на МАТТО, г. Ајдован Адемоски, присуствуваше и почесниот претседател на МАТТО и амбасадор на Република Турција во Скопје, Н.Е. г. Алпер Акташ.
На средбата беа разгледани економските и трговските односи меѓу Турција и Северна Македонија, можностите за меѓусебни инвестиции, како и актуелните активности на деловната заедница. Членовите на МАТТО го информираа заменик-министерот г. Х. Али Озел за своите инвестициски и деловни активности во двете земји, споделувајќи ги своите согледувања и искуства.
Во рамки на разговорите беше разменето мислење и за унапредување на економската соработка меѓу двете земји, зголемување на обемот на трговската размена и понатамошно зајакнување на деловните врски меѓу компаниите.
На крајот од средбата, претседателот на Управниот одбор на МАТТО, г. Ајдован Адемоски, му врачи плакета на заменик-министерот за надворешни работи, г. Х. Али Озел, во знак на сеќавање на посетата.







