Back to Blog

Претседателот на Р.Македонија г-дин Ѓорге Иванов на 1-ви Јули 2014 год. ја пречека делегацијата на Стопанска комора на Македонија-Турција МАТТО.

Со средбата која се реализира по повод вториот мандат на Иванов, турските инвеститори се фокусираа на важноста на инвестициите во Македонија.

MATT-GIO1.jpg

Претседателот на Р.Македонија г-дин Ѓорге Иванов на 1ви Јули 2014 год. ја пречека делегацијата на Стопанска комора на Македонија-Турција МАТТО.  Со средбата која се реализира по повод вториот мандат на Иванов, турските инвеститори се фокусираа на важноста на инвестициите во Македонија.

На средбата се дискутираше околу заедничкото учество на македонските и турските компании на третите пазари.  Покрај тоа, беше разговарано околу тоа да се превземат конкретни чекори во реализирање на проекти и зголемување на трговската размена помеѓу двете земји.

Иванов на припадниците од турската заедница им го честита празникот Рамазан со што во иднина им посака да продолжи традицијата на нивната култура која придонесе да биде зачувана и благосостојбата на Македонија.

Претседателот на комората на МАТТО г-динот Туна Ејуп Кахвеџи му се заблагодари на г-динот Иванов за приемот, со што ја истакна и  важноста на поддршката во реализирањето на новите проекти. Истакна и дека овој пречек преставува еден индикатор на меѓусебна соработка помеѓу Македонската Влада и МАТТО.

На средбата присуствуваа членката на У.О Џевахир, ХалкБанка, Туркиш Ерлајнс, Стон Бриџ и преставниците на ТАВ.

MATTO-GI.JPG

Share this post

Back to Blog