Суташ го пречека Управниот Одбор на МАТТО
Последната седница на Управен Одбор на МАТТО беше одржана во просториите на Суташ. Лидерот на млечни производи од Турција, Суташ завзема идеален влез во Македонија, и по периодот на подготовка и физибилитет неодамна започна со производство. По повод почетоците со производство и придонесот на економијата во Македонија, Претседателот на У.О на МАТТО г-дин Туна Ејуп Кахвеџи му додели плакета на Генералниот Директор на Суташ во Македонија г-дин Али Мушфик Созер.
Подоцна членките на У.О на МАТТО заеднички направија опсервација на производствените капацитети на Суташ.


