На 28 Ноември 2012 година, Асоцијација на Бизнисмени Зонгулдак беа во посета на нашата комора
На ден 28.11.2012 година, Асоцијацијата на бизнисмени Зонгулдак предводена од страна на Претседателот на Управниот Одбор г-дин Омер Ѓулај ја посетија нашата комора. Состанокот го водеа Заменик Претседателот на Стопанската комора на Македонија-Турција МАТТО одговорен за односите со Владата и Бирократијата на Република Македонија г-дин Ејуп Учак и г-дин Максут Карајалчин одговорен Потпретседател на Сојузот на Стопански Берзи на стока од Турција. Заменик Претседателот на МАТТО г-дин Ејуп Учак даде објаснување за можностите на оданочување помеѓу двете земји и поволностите за работа во Македонија. Во интерес на слободните трговски зони, Бизнисмените од Зонгулдак истакнаа дека во блиска иднина планираат големи инвестиции во Р.Македонија. Тие сметаат дека посетата на МАТТО и стапувањето во контакт со фирмите во Р.Македонија преставува голема корист за нив. На состанокот присуствуваа фирми кои се бават со рударство, градежништво, готов бетон, угостителство како и компании од други сектори. Во продолжение на разговорот г-дин Ејуп Учак давајќи информации за производството, објасни и за тоа што може да се стори во иднина во Р.Македонија. Средбата помеѓу страните се заврши со цел за создавање на можности за работа во иднина.