Back to Blog

МАТТО пристапи кон Советодавно тело при Царинската управа на Р.М.

Уште една алатка за подобрување на приватно јавен дијалог

МАТТО пристапи кон Советодавно тело при Царинската управа на РМ

Во Царинска ушправа на Македонија, на редовната седница на Советодавно тело,  Г-дин Туна Ејуп Кахвеџи, претседател на МАТТО потпиша Анекс кон Меморандумот за соработка и партнерство со што кон Советодавното тело пристапи и МАТТО ( 21.05.2015). Во  Советодавно тело членуваат  Царинска управа, Сојузот на стопански комори на Македонија, Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора на северозападна Македонија, Американска стопанска комора во Македонија, Асоцијација на независни синдикати на камионски транспортери МАКАМТРАНС, СИЗ „Македонија Сообраќај„ А.М.Е.Р.И.Т ,Групацијата на меѓународни шпедитери и логистички оператори МИФА а од 21 мај 2015 и новите членки, Унијата на Германски комори за индустрија и трговија – Претставништво Скопје, Македонско – Бугарската Стопанска комора, Холандската Стопанска комора. 

Советодавно тело 

http://www.customs.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=343 

 Партнерството помеѓу Царинската управа и деловната заедница се остварува преку работата на Советодавното тело, кое претставува форум на размена на меѓусебни мислења. 

Советодавното тело е формирано во јануари 2009 година, согласно стандардите на Светската царинска организација (Конвенција на хармонизација и поедноставување на царинските процедури). 

Фокусот на Советодавното тело е на  промовирање на партнерството помеѓу Царинската управа и бизнис заедницата, осигурување на висок степен на олеснување на трговијата како и безбедност,  модернизирање на царинските постапки и  активности на тренинг и обуки

На состанокот претставници на Царинската управа ги информираа претставниците на бизнис секторот за добивањето на покана за пристапување на Република Македонија кон Конвенцијата за заеднички транзит и Конвенцијата за поедноставување на формалностите при трговија со стока од 01.07.2015, предизвиците и придобивките на деловната заедница. Беа презентирани последните измени на Законот за царинска тарифа со кои се намалуваат царинските стапки за одредени производи, беше презентирано Упатството за привремен увоз и извоз на амбалажа. Исто така присутните беа информирани за активностите поврзани со ПЕМ Конвенцијата.(Регионална конвенција за пан-еуро-мед преференцијални правила за поттекло). 

Членовите на Советодавно тело беа информирани дека  ни Царинската управа е во развој на нов Систем за обработка на декларации и акцизни документи – СОЦДАД. Согласно планот, овој систем ќе биде функционален во ноември 2015. СОЦДАД овозможува комуникација со компаниите на два начина и тоа:

  • Преку веб портал
  • Систем кон систем комуникација со примена на веб сервиси. 

Со цел развој на системи кои директно ќе комуницираат со СОЦДАД системот на Царинската управа, објавена е првична верзија на неопходните спецификации и контакт лица кои се поставени на линкот:

 http://www.customs.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=510

Замолени се компаниите да го провераат функционирањето на системот и да ги пријават проблемите или предлозите за неговото функционирање.

Share this post

Back to Blog