Back to Blog

Средното училиште „Македонија“, изградено под раководство на МАТТО, стана новиот образовен дом за учениците од Малатија

СО СТАРТОТ НА УЧЕБНАТА ГОДИНА ВО РЕПУБЛИКА ТУРКИЈЕ НА 11 СЕПТЕМВРИ 2023  ВО ФУНКЦИЈА ЌЕ СЕ СТАВИ УЧИЛИШТЕТО „МАКЕДОНИЈА“ ВО МАЛАТИЈА

Училиштето го носи името „Македонија“ и е на површина 8 илјади 656 метри квадратни и има 24 училници кои се именувани по македонските градови, како Скопје, Тетово, Охрид, Штип, Куманово и тн.

Училиштето го симболизира духот на пријателството и соработката меѓу народите на Република Северна Македонија и Република Туркије.

Изградено со донацијата во висина од еден милион евра, во која учествуваа членките на МАТТО а со поголема сума учествуваше Црвениот Крст на Република Северна Македонија. Станува збор за донација со која се изгради едно од стотината срушени училишта во реонот Малатија.

Овој проект освен што ќе биде еден дополнителен мост за поврзување на народите во Република Северна Македонија и Република Туркије ќе биде уште една гордост на сите граѓани на Република Туркије кои потекнуваат или имаат корени од Република Северна Македонија.

Протоколот за соработка за изградба на училиштето беше потпишан во јули годинава од страна на МАТТО и подрачната единица на министрите за образование на Република Туркије, и Валијата на Малатија.

Овој проект се реализираше со поддршка на Црвениот Крст на Република Северна Македонија,  Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија како и со поддршка на Сојузот на турски невладини организации во земјава (МАТУСИТЕБ), здружението ЕСНАФ, општини, образовни институции, здруженија и фондации и хумани граѓани на Република Северна Македонија.

Со оваа активност, со изградбата на училиштето во Малатија се прави чекор кој ќе остави траен белег, чекор кој ќе стави уште еден печат во насоката на продолжување на пријателството и солидарноста меѓу Република Северна Македонија и Република Туркије.

Ова е чекор кој придонесува за развојот на образованието на децата кои останаа без своите училишта. Ова е чекор со кој на новите генерации ќе им се даде уште еден светол пример за хуманоста, заедништвото и пријателството меѓу двата народи.

Училиштето „Македонија“ во Малатија е круна на сите активности на МАТТО, Црвениот Крст, МАТУСИТЕБ, организации, поединци од Република Северна Македонија, кои беа преземени со цел да се помогне на турскиот народ  по разорниот земјотрес што се случи на шести февруари годинава во Турција. Турција ја погодија два земјотреси со епицентар во Кахраманмараш, јужна Турција, и со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала, а предизвикаа поместување на копнената маса во Турција за три метри.

Share this post

Back to Blog