МАТТО УЧЕСТВУВАШЕ НА 5. КРКЛАРЕЛИ САЕМОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, СТОЧАРСТВО, ПРЕХРАНБЕНА И АВТОМОБИЛСКА ИНДУСТРИЈА
МАТТО, преку свој штанд и присуство на членки-компании, успешно го претстави трговскиот и инвестицискиот потенцијал на Северна Македонија на меѓународната платформа.
Стопанската комора Македонија–Турција (МАТТО) оваа година повторно активно учествуваше на 5. Кркларели саем за земјоделство, сточарство, прехранбена и автомобилска индустрија, организиран од сестринската институција – Кркларели Берза на трговијата со земјоделски производи во периодот од 4 до 7 декември. МАТТО, со свој штанд и членки-компании, го презентираше економскиот потенцијал на Северна Македонија пред меѓународните бизнис учесници.
Во рамките на саемските активности беа остварени значајни средби со: Турско–Албанската стопанска комора, Министерството за односи меѓу заедниците на РСМ, Заменик-министерот за земјоделство на Албанија.
На средбите се разговараше за јакнење на регионалната економска соработка, унапредување на институционалната координација, развивање заеднички инвестициски проекти, како и за зголемување на капацитетите во областа на земјоделските технологии и прехранбената индустрија.
Дополнително, преку билатералните деловни состаноци со претставници од Бугарија, Грција, Косово и Романија, се отворија нови можности за:
-
зголемување на трговскиот обем,
-
влез на членките на МАТТО на нови пазари,
-
развивање на заеднички регионални проекти.
Настанот се реализираше со присуство на Владата на Кркларели, Општина Кркларели, пратеници, стопански комори од цела Турција, институционални претставници, како и претставници од Министерството за земјоделство. Со цел надминување на бројката од 100.000 посетители, саемот секоја година расте и се приближува кон статус на меѓународна ЕКСПО платформа.
Голем интерес за штандот на МАТТО
Заменик-министерот за земјоделство на Република Албанија Ариан Јаупллари, гувернерот и градоначалникот на Кркларели, претседателот на Албанско–Турската стопанска комора Кенан Севинч, бизнис претставници и голем број посетители – меѓу кои и иселеници – го посетија штандот на МАТТО и изразија силен интерес за активностите на Комората.
Активното учество на МАТТО на саемот придонесува за јакнење на економските и трговските односи меѓу Северна Македонија и Турција, како и за отворање нови можности за регионална соработка и заеднички проекти.
МАТТО на саемот ја претставуваа: Извршен директор: Шахпаз Молалиeв, Член на Надзорниот одбор: Али Пекер, Член на Судот на чест: Ејуп Учак, Претставник од Министерството за земјоделство на Македонија: Марко Јовески, Членки-компании: OKEAN Kom Trajd, Kanet Kompani, Hemometal, DRN Partners.
МАТТО ќе продолжи континуирано да работи за поактивно позиционирање на своите членки на регионалните и глобалните пазари.








































