Министерот за финансии, г-дин Драган Тевдовски, беше гостин на Седницата на Управен Одбор на MATTO
На Седницата на Управен Одбор на која Министерот на Финансии г-динот Тевдовски оствари средба со Управниот Одбор на МАТТО, даде информации за даночната и реформската политика на Владата на Р.Македонија. На состанокот присуствуваше и Почесен Претседател на МАТТО,Амбасадорка на Р.Турција во Скопје, г-ѓа Тулин Еркал Кара.
Претседателот на MATTO г-динот Ајдован Адемоски изрази голема Благодарност до Министерот Тевдовски за тоа што ја прифати поканата да биде гостин на МАТТО.
‘Среќен сум што се наоѓам помеѓу турски инвеститори’
Министерот Тевдовски во своето обраќање истакна дека по мајка по потекло е од населбата Чаир и дека точно го знае значењето на зборот ЕСНАФСТВО, и од тој аспект му причинува големо задоволство што се наоѓа помеѓу турски бизнисмени. Тевдовски истакна дека Владата работи на зголемување на економскиот развој и бројот на работни места. “Во предлогот за буџетот за 2019 година, износот за поддршка за странски и домашни инвеститори е зголемен за 2% во споредба со претходната година и достигна рекордно ниво. Износот за поддршка се зголеми на 3 милијарди.
“За растот на стандардите на земјата, важни се инвестициите “
Ние сме мала и отворена земја. Со цел да се зголеми стандардот на живеење во земјата, многу е важно странскиот капитал да инвестира во нашата земја и да може слободно да ги извршува своите работи. Во наредните години, ќе ја зголемиме нашата поддршка во областа на вработувањето преку разгледување на проблемите што можат да произлезат во однос на работната сила “, рече тој.
Тевдовски, исто така, потсети дека стратегиската цел на земјата е членството во НАТО.
‘Свесни сме дека мерките кои ги превземавме се болни’
Министерот Тевдовски ја сподели новата пензиска и даночна политика на владата со членовите на МАТТО. “Како Влада треба да превземеме некои мерки за економски развој. Ние сме свесни дека овие мерки се малку болни, но овие мерки се неопходни за земјата да оди напред “, рече тој, исто така, додаде дека предвидените реформи на владата се неизбежни за да се постигне стабилност на пензискиот фонд и на даноците. Со овие мерки истовремено и ќе се затвори дел од јавниот долг и ќе придонесе да се спречи миграцијата на младата популација од земјата.
Се заблагодарувам на Турција и турските инвеститори
Министерот Тведовски се заблагодари на турските инвеститори за тоа што инвестирале во Македонија и ја пренесе својата Блгадораност до Амбасадорката на Р.Турција во Скопје, г-ѓа Тулин Еркал Кара.
“Со посета на Претседателот на Р.Турција ќе се отворат многу инвестициони врати”
Амбасадорката на Р.Турција се заблагодари на Министерот за тоа што и покрај својата зафатена агенда ја прифати поканата да присуствува на Седницата како гостин на МАТТО. “Нашата цел е да се зголеми обемот на трговијата меѓу Македонија и Турција. Веруваме дека со посетата на Претседателот на Р.Турција ќе се отворат многу повеќе инвестициони врати.
Во продолжение на состанокот Министерот Тевдовски одговори на прашањата на членките на MATTO .