Back to Blog

Посета на МАТТО од страна на Здружението на претприемачи и стопанственици-АТИК

Потпретседателот на Стопанската Комора на Македонија-Турцијa (МАТТО), и Главен Извршен Директор на ХАЛК БАНК А.Д. Скопје, г-дин Билал Суџубаши, во седиштето на МАТТО ги пречека претседателот на Здружението на претприемачи-стопанственици (ATİK), г-дин Хасан Каја и неговата придружна делегација.

За време на средбата беа разгледани можностите за соработка меѓу двете земји, а потпретседателот на MATTO, г-дин Суџубаши, ја информираше делегацијата за можностите за инвестирање во Република Северна Македонија.

Со седиште во Коџаели, Турција, ATİK е деловно здружение чии членови се концентрирани на производствениот и услужниот сектор како што се храна, мебел, енергетика, машини, градежништво, автомобилска индустрија, железо и челик, ископ, транспорт и недвижности.

На состанокот присуствуваа Извршниот директорот на MATTO, г-дин Шахбаз Молалиев, и Главен советник на Управен Одбор на MATTO, г-дин Турхан Адеми.

Share this post

Back to Blog