Back to Blog

Стоковна размена со странство, јануари- јуни 2023 година

Стоковна размена со странство, јануари – јуни 2023 година

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари-јуни 2023 година, изнесува 261 984 271 илјади денари и бележи пораст од 3.7% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари-јуни 2023 година, изнесува 341 219 188 илјади денари што е за 7.4% помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари-јуни 2023 година, изнесува 79 234 917 илјади денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во перидот јануари-јуни 2023, изнесува 76.8%.

Стоковна размена изразена во САД долари

Во периодот јануари – јуни 2023 година, Р.С Македонија има остварено вкупна трговска размена со Р. Турција во вредност од 452 631 илјади САД долари што е за 14.5 % намален споредено со истиот период во 2022 г. Од тоа, извоз во Р. Турција изнесува 105 227 илјади САД долари што претставува намален за 5.1 % во однос на ист период 2022 г. Увозот е намален за 17,0% и изнесува 347 403 илјади САД долари. Р. Турција седми трговски партнер на Р.С. Македонија, редоследно Германија, Велика Британија, Грција, Србија, Кина, Бугарија, и Турција. (Државен завод за статистика на Р.С.М, 04.08.2023).

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, електричната енергија и плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и благородни метали во колоидна состојба; соединенија, органски или неоргански, од благородни метали, хемиски дефинирани или недефинирани; амалгами од благородни метали.

Во периодот јануари-јуни 2023 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија, Кина, Бугарија и Турција.

Обем на размената, I – VI 2023 Покриеност на увозот со извоз
603 203 458 илјади денари 76.8 %
9 789 481 илјади евра 76.8 %
10 581 494 илјади САД долари 76.8 %

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во перидот јануари-јуни 2023 година, изнесува 4 595 549 илјади САД долари и бележи пораст од 2.7% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува  5 985 944 илјади САД долари што е за 8.4% помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во перидот јануари-јуни 2023 година, изнесува 1 390 395 илјади САД долари.

Share this post

Back to Blog