Стоковна размена со странство, јануари- септември 2023 година
Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – септември 2023 година, изнесува 384 307 841 илјадa денари и бележи пораст од 1.3 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – септември 2023 година, изнесува 507 798 390 илјади денари, што е за 8.5 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари – септември 2023 година, изнесува 123 490 549 илјади денари.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – септември 2023 година, изнесува 75.7 %.
Стоковна размена изразена во САД долари
Во периодот јануари – септември 2023 година, Р.С Македонија има остварено вкупна трговска размена со Р. Турција во вредност од 656 018 илјади САД долари што е за 13.8 % намален споредено со истиот период во 2022 г. Од тоа, извоз во Р. Турција изнесува 144 540 илјади САД долари што претставува намален за 8.4 % во однос на ист период 2022 г. Увозот е намален за 15,2% и изнесува 511 477 илјади САД долари. Р. Турција седми трговски партнер на Р.С. Македонија, редоследно Германија, Велика Британија, Грција, Србија, Кина, Бугарија, и Турција.
(Државен завод за статистика на Р.С.М, 07.11.2023).
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, електричната енергија и плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и благородни метали во колоидна состојба; соединенија, органски или неоргански, од благородни метали, хемиски дефинирани или недефинирани; амалгами од благородни метали.
Во периодот јануари – септември 2023 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија, Кина, Бугарија, и Турција.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – септември 2023 година, изнесува 6 758 660 илјади САД долари и бележи пораст од 3.2 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 8 933 760 илјади САД долари, што е за 6.7 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари – септември 2023 година, изнесува 2 175 100 илјади САД долари.