Стоковна размена со странство, јануари-февруари 2025 година
Стоковна размена со странство, јануари – февруари 2025 година
Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – февруари 2025 година, изнесува 75 650.4 милиони денари и бележи пораст од 1.6 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – февруари 2025 година, изнесува 112 862.3 милиони денари, што е за 4.9 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари – февруари 2025 година, изнесува 37 211.8 милиони денари.
Покриеноста на увозот со извоз, во периoдот јануари – февруари 2025 година, изнесува 67.0 %.
Стоковна размена изразена во САД долари
Во периодот јануари – февруари 2025 година, Р.С Македонија има остварено вкупна трговска размена со Р. Турција во вредност од 152 394 милиони САД долари што е за 5,2 % зголемена споредено со истиот период во 2024 г. Од тоа, извоз во Р. Турција изнесува 23 883 милиони САД долари што претставува намален за 17.2 % во однос на ист период 2024 г. Увозот е зголемен за 10,4% и изнесува 128 511 милиони САД долари.
Р. Турција седми трговски партнер на Р.С. Македонија, редоследно Германија, Велика Британија, Грција, Србија, Бугарија, Кина и Турција.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и електричната енергија.
Во периодот јануари – февруари 2025 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија, Бугарија, Кина и Турција.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – февруари 2025 година, изнесува 1 276.7 милиони САД долари и бележи пад од 2.6 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 1 904.1 милион САД долари, што е за 0.6 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари – февруари 2025 година, изнесува 627.4 милиони САД долари.