Back to Blog

Надворешнa трговија јануари – јули 2021.

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари-јули 2021 година, изнесува 246 265 451 илјада денари и бележи пораст од 34.5 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануаријули 2021 година, изнесува 335 526 575 илјади денари, што е за 33.9 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-јули 2021 година, изнесува 73.4 %.

Во периодот јануари – јули 2021, Р.С Македонија има остварено вкупна трговска размена со Р. Турција во вредност од 409 108 илјади САД долари што е за 44.3% зголемен споредено со истиот период во 2020 г. Од тоа, извоз во Р. Турција изнесува 80 368 илјади САД долари што претставува зголемен за 64,6% во однос на ист период 2020 г. Увозот е зголемен за 40,0.% и изнесува 328 740 илјади САД долари. Р. Турција осми трговски партнер на Р.С. Македонија, редоследно Германија, Велика Британија, Грција, Србија, Кина, Бугарија, Италија и Турција. (Државен завод за статистика на Р.С.М , 7.09.2021).

Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите за седишта од подгрупата 821.1 и фероникелот. Во увозот се најмногу застапени другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба, платината и легурите на платина, необработени или во прав и нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови).

Во периодот јануари-јули 2021 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Кина.

Стоковна размена изразена во САД долари

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари-јули 2021 година, изнесува 4 801 801 илјади САД долари и бележи пораст од 45.6 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6 541 093 илјади САД долари, што е за 45.0 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-јули 2021 година, изнесува 1 739 291 илјада САД долари.

Share this post

Back to Blog