под раководство на МАТТО продолжуваат обидите да им се понуди дестинацијата Фетије на македонските туристи
Туристичките агенции се подготвуваат да го претстават Фетије како нова дестинација за патување пред македонските туристи.
Претставници на македонските туристички агенции денес, (13.12.2022) одржаа средба со директорот на Туркиш Ерлајнс (THY) во Скопје, г-ѓа Улкер Шуле Аксој, чиј домаќин беше Стопанската комора на Македонија-Турција (МАТТО)
На средбата се разговараше за обидите за воспоставување на авиолиниите Скопје-Даламан, кој претставува најважниот чекор кон реализација на опцијата Фетије, која се планира да им се понуди на македонските туристи за одмор на море.
Состанокот го модерираа членот на Управниот одбор на MATTO, г-дин Максут Карајалчин, менаџерот на THY во Скопје, г-ѓа Улкер Шуле Аксој, маркетинг менаџерот на THY, г-дин Угур Келче, претставникот на Аурора Травел г-дин Андреј Сирачевски, претставникот на ЕТЦ Травел, г-дин Ермир Имами, претставникот на Фибула Травел г-ѓа Соња Аначкова Павлоска, претставникот на Савана Травел г-дин Мартин Грозданов и претставникот на Сава Турс, г-дин Горан Николовски.
Членот на Управниот одбор на МАТТО, г-дин Максут Карајалчин изјави дека се подготвени да дадат секаква поддршка на оваа иницијатива во соработка со збратимената Стопанска и индустриска комора на Фетије.
Менаџерот на THY во Скопје, г-ѓа Улкер Шуле Аксој, истакна дека на барање од туристичките агенции ќе ги разгледаат летовите Скопје-Даламан.
Претставниците на туристичките агенции ги искажаа своите ставови за тоа што треба да се направи за да се оживее дестинацијата Фетије.
Претходно во Скопје и Фетије беа одржани различни средби за развој на туристичката соработка помеѓу Северна Македонија и Фетије.