Амбасадорката на Јапонија во Северна Македонија, Н.Е. Кавахара Сецуко, во посета на МАТТО
На 22 јули 2026 година, Амбасадорката на Јапонија во Република Северна Македонија, Н.Е. Кавахара Сецуко, ја посети Стопанската комора Македонија–Турција (МАТТО). Амбасадорката беше пречекана од Претседателот на Управниот одбор на МАТТО, Ајдован Адемоски, и Потпретседателот на МАТТО, д-р Фатих Шахбаз.
За време на средбата беа разгледани можностите за унапредување на економската соработка меѓу јапонските, турските и македонските компании, развој на заеднички инвестиции и реализација на проекти на трети пазари. Посебен акцент беше ставен на создавање иновативни решенија кои ќе придонесат за економскиот развој, како и на зајакнувањето на институционалната и владината соработка, со цел создавање подобри услови за деловната заедница.
Во своето обраќање, Претседателот Ајдован Адемоски истакна дека МАТТО денес обединува повеќе од 130 водечки компании од Северна Македонија и Турција и претставува една од најзначајните билатерални стопански комори во регионот. Тој нагласи дека постои значителен потенцијал за воспоставување нови партнерства помеѓу компаниите-членки на МАТТО и јапонските компании, особено во областа на автомобилската индустрија, високите технологии, електрониката, обновливите извори на енергија, дигиталната трансформација, логистиката, здравството и одржливите инвестиции.
Воедно беше поздравена и најавената посета на делегацијата на Јапонската организација за надворешна трговија (JETRO) во ноември, која беше оценета како значајна можност за воспоставување нови деловни партнерства, инвестиции и трговска соработка.
Амбасадорката Кавахара Сецуко ја истакна подготвеноста на Јапонија за понатамошно продлабочување на економските односи со Северна Македонија и ја нагласи важноста од интензивирање на соработката меѓу јапонските и турските компании во земјата.
Средбата заврши со заедничка определба за организирање бизнис форуми, Б2Б средби, инвестициски презентации, деловни мисии и заеднички проекти, со цел дополнително унапредување на економската соработка меѓу Јапонија, Северна Македонија и Турција.
МАТТО останува посветена на создавање нови можности за своите членки, поттикнување на меѓународните партнерства и привлекување странски инвестиции во Северна Македонија.