На 24-ти декември 2014 година се потпиша договор за соработка со Стопанска и Индустриска комора Чорлу
На 24-ти декември 2014 година нашата комора ја посетија Претседателот на Управен Одбор на Стопанска и Индустриска комора Чорлу г-дин Енис Сулун, и Претседателот на Собрание на Стопанска и Индустриска комора Чорлу г-дин Метин Акѓун. Со присуство на Претседателот на Управен Одбор г-дин Туна Ејуп Кахвеџи и Заменик претседателот на комората одговорен за односите со Владата и бирократијата во Р.Македонија г-дин Ејуп Учак, се потпиша протокол за соработка помеѓу двете комори.