МАТТО го одржа своето редовно Генерално Собрание
Стопанската комора Македонија-Турција (МАТТО), минатата недела го избра својот нов Управен Одбор. Редовното Генерално Собрание се одржа на 28 јануари 2025 година, во Просториите на Бизнис Центарот на Халк Банка АД Скопје.
Стопанската комора Македонија-Турција (МАТТО), минатата недела го избра својот нов Управен Одбор. Редовното Генерално Собрание се одржа на 28 јануари 2025 година во Просториите на Бизнис Центарот на Халк Банка АД Скопје.
Со седницата, на која присуствуваа мнозинството членови на Собранието, претседаваше Заменик претседателот г-дин Имер Селмани, додека г-дин Слободан Трајков и г-дин Алтај Шабан беа записничари.
Откако беа едногласно усвоени извештајот за реализираните активности, извештајот на Надзорниот одбор и финансиските извештаи и исполнувањето на буџетот за 2024 година, едногласно беа усвоени и планираните активности и буџетот за 2025 година. Извештаите беа презентирани од страна на Потпретседателот г-дин Др. Билал Суџибаши и Заменик претседателот г-ѓа Марија Томеска. Од име на членките на Надзорниот Одбор, извештајот беше презентиран од страна на г-дин Самир Билбилоски.
На Седницата на Генералното Собрание се одржа избор на членови за новиот мандат на органите на МАТТО. Се избираа нови членови на Управен Одбор, Надзорен Одбор и Судот на честа.
За членови на Надзорниот одбор беа избрани: Аксиус Солушнс, ДРН Партнерс, Окса Солушнс.
За членови на Судот на честа беа избрани: г-дин Др.Билал Суџубаши, г-дин Михо Јаневски, г-дин Берат Хусеини, г-дин Слободан Трајков и г-дин Ејуп Учак.
На Собранието, Претседателот на МАТТО, г-дин Ајдован Адемоски, ги поздрави членките и сподели информации за постигнувањата во последните четири години и визијата за претстојниот период, ветувајќи посилна Комора во иднина. Со членките на Собранието беа споделени чекорите што треба да ги преземе МАТТО во наредниот период, како и презентација на бизнис форумите одржани минатата година, средбите со државните претставници и социјални проекти.
Најавен нов менаџмент
На првата седница на Управниот одбор одржана во Петок, 31 јануари 2025 година, беше комплетиран новиот Управен Одбор на кој беа избрани претседател, потпретседател, заменици и членови на Управниот одбор по предлог на Претседателот на МАТТО.
Г-дин Ајдован Адемоски беше реизбран за Претседател на Управниот Одбор на МАТТО, за Потпретседател беше избран г-дин Др.Билал Суџубаши, а за Заменици г-дин Есер Џехавхир, г-дин Имер Селмани и г-ѓа Марија Томеска.
За компании-членови на Управниот одбор беа избрани: ЕВРОАЗИЈА ТЕХНИКА, ХАЛК БАНК А.Д. СКОПЈЕ, ТУРМАК А.Д., АЏИБАДЕМ СИСТИНА, АСЕЛСАН, БИС ОИЛ, ЕВРО МЛЕКАРА (СУТАШ), ЕЛМОНД ЕЛЕКТРО, ЕРАК ГРУП, ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ, ФИМАР БАЛКАН, ГРАДЕЖЕН ИНСТИТУТ МАКЕДОНИЈА, ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ А.Д., МААРИФ ТРЕЈД ДООЕЛ, МИТ СОЛАР (ГУРИШ), МОЈ ДИЛЕР, ЛИМАК,ПУЦКО ПЕТРОЛ, РАМСТОРЕ,РЕНЕС ЕУ КОНСТРАКШН,ТАВ МАКЕДОНИЈА,ТЕХНОПЕРИА,ТУРКИШ ЕРЛАЈНС, ОКЕАН КОМ ТРЕЈД, ЈЕНИ БАЛКАН, ЈЕО ТЕХНОЛОГИЈА ЕНЕРГИЈА.





