Посета на Здружението ЕСНАФ од стара скопска чаршија од страна на Стопанската комора на Македонија-Турција
Претседателот на УО на Стопанската комора на Македонија-Турција (МАТТО),г-дин Ајдован Адемоски заедно со членовите на УО беше во посета на Здружението ЕСНАФ од Скопската Турска чаршија.
Раководството на МАТТО се сретна со претседателот на Здружението ЕСНАФ, г-дин Бујар Дулови и им се заблагодари за значајниот финансиски придонес за училишната зграда што се изгради како помош за настраданите во земјотресот на 06.02.2023 год. во Јешилјурт-Малатија, Република Туркије.
На средбата на која присуствуваа Здружението ЕСНАФ и членовите на Управниот одбор на МАТТО, г-дин Муртеза Сулооџа, г-дин Слободан Трајков, г-дин Мухамед Хаџипази и г-дин Угур Карахан, се разговараше за можностите за соработка меѓу двете институции.
Беа разменети идеи меѓу стопанствениците на ЕСНАФ и МАТТО за воспоставување на корпоративни и индивидуални односи во нивните области.
На крајот од средбата претседателот на МАТТО г-дин Ајдован Адемоски му врачи благодарница на г-дин Бујар Дулови, претседател на Здружението ЕСНАФ од Скопската Турска чаршија.







