Back to Blog

На 23-ти декември 2014 година се реализираше средба пропратена со доручек помеѓу Премиерот на Р.Турција Проф. Др. Ахмет Давутоглу со својата делегација и стопанствениците на нашата комора

На 23-ти декември 2014 година се реализираше  средба пропратена со доручек, помеѓу Премиерот на Р.Турција Проф. Др. Ахмет Давутоглу со својата делегација и стопанствениците на нашата комора.

Премиерот на Р.Турција во Скопје Проф. Др. Ахмет Давутоглу беше пречекан од страна на  Претседателот на Управен Одбор на комората г-дин Туна Ејуп Кахвеџи и членките на Управниот Одбор. 

Давутоглу беше придружуван од страна на Вицепремиерот на Р.Турција г-дин Нуман Куртулмуш, Министерот за надворешни работи на Р.Турција г-дин Мевлут Чавушоглу, Министерот за економија на Р.Турција г-дин Нихат Зејбекчи и Министерот за здравство на Р.Турција г-дин Мехмет Муезиноглу. 

Претседателот на комората г-динот Туна Ејуп Кахвеџи даде информации околу реализираните активности на МАТТО и веќе постоечките турски инвестиции во Р.Македонија како и информации околу тоа што е потребно да се направи за да се зацврсти обемот на трговската размената помеѓу двете земји. Тој даде информации и околу проектите на кои работи МАТТО со цел стопанствениците да се прошират на околните балканските земји во Р.Македонија. 

davutoglu-matto-1.jpg

Премиерот на Р.Турција Проф. Др. Ахмет Давутоглу во својот говор потенцира за односите помеѓу двете земји.  “Турско-Македонските односи имаат свои уникатни  стратешки карактеристики како и длабока историја во преден план. Тој утврди дека секој чекор го има поминато во Македонија, вели до селата ја знам. Каде имаме историски предмети таму имаме и богатство, јас тие ги следам.  Само да има било каква гребнатина од нокт на еден камен од нашето културно наследство, мораме да полагаме сметка за тоа.  Оваа земја не е туѓа за нас. Културата на оваа земја, ткивото, преставува еден дел од нас. Овој културен афинитет е особено важен за бизнис светот. Друго важно прашање преставува политичката близина. Со многу малку земји сме блиски како што сме блиски со Македонија. Турција е прва земја која ја има признаено Македонија. Секогаш стоевте со исправена глава во однос на политичките односи, од политички аспект имате целосна доверба од наша страна, затоа не треба да преживувате било каков проблем. Доколку се случи такво нешто, треба да имате во предвид  дека  сите наши организации ви стојат на располагање.

davutoglu-matto-2.jpg

Нашите економски односи треба да бидат на највисоко ниво.

Давутоглу се обрати со следниве зборови: ‘По ваквите цврсти односи, економските односи треба да бидат на највисоко ниво. Од 2008 година па наваму се заземаа големи растојанија. Доволни ли се статистиките? секако дека не се.  Ова не го одразува нашиот однос со другите области, Извозот помеѓу Турција и Македонија е на 13-то место. Согласно односите помеѓу Македонија и Турција не би прифатил да биде ниту на 2-ро место. Има производи, брашно, алва, има се. И условите се погодни. Сакам да истакнам особено важни  три теми. Географијата на Македонија. Вака гледано Скопје нацртајте линија помеѓу Јадранско и Црно море, нацртајте линија помеѓу Солун и Дунав ќе забележите дека Скопје е точно во средина. Близината на пристаништата и други карактеристики ја прават Македонија срце на Балканот. Скогаш и дававме важност на Македонија. Во смисла на економски центар во иднина преставува земја со голема важност. Што и да побарате ќе дадеме се од себе да го реализираме. Доволно е само обемот на трговија да достигне до 1 милијарда долари. Имаме пораст во трговијата, ама ова не е доволно. За 3-5 години мора да достигнеме до 1 милијарда долари. Има многу наши фирми кои инвестираат тука. На сите сме им Благодарни. Инвестициите на овој регион за нас преставуваат инвестиции од витално значење. Од овој аспект повторно ќе се занимаваме со слободната зона. Од културен аспект, наша задача е да сме тука. Природно е тоа што бизнисмените секогаш ги ставаат своите раце како би формирале конкурентен бизнис свет, исто така би сакал да Ви се заблагодарам  за ова прекрасно уредување од ваша страна. Во секоја работа ние ќе бидеме покрај вас. Тој го заврши својот говор со следниве зборови: ,,Во секоја потешкотија со која ќе се соочите, нашите организации ќе бидат покрај вас да ви излезат во пресрет.

davutoglu-matto-3.jpg

davutoglu-matto-4.jpg

davutoglu-matto-5.jpg

davutoglu-matto.jpg

davutoglu-matto-6.jpg

 

Share this post

Back to Blog