11 ноември 2016 година Делегацијата на Стопанска комора на Македонија-Турција беше пречекана во Кабинетот на Министерот за Финансии, г-динот Кирил Миноски
Делегацијата на Стопанска комора на Македонија-Турција беше пречекана во Кабинетот на Министерот за Финансии, г-динот Кирил Миноски
Претседателот на МАТТО г-динот Туна Ејуп Кахвеџи и делегацијата составена од членките на Управен Одбор на МАТТО на Министерот Миноски му дадоа информации во врска со работата при што им се укажа и можност да му постават прашања за проблемите со кои се соочуваат во бизнисот.
Министерот за Финансии г-динот Миноски потенцирајќи ја Турција како голем стратешки и економски партнер на Македонија ја изрази својата емпатија спрема турските бизнисмени како и фактот што инвестираат во Р.Македонија.
На крајот на состанокот Претседателот на МАТТО г-дин Ејуп Кахвеџи му врачи плакета на Министерот, заблагодарувајќи му се за пречекот.
Покрај Претседателот на МАТТО г-дин Туна Ејуп Кахвеџи присуствуваа и дел од членките на Управен Одбор, г-динот Турхан Адеми од Халк банка, Мунир Колашинац од Вардар Експрес, г-дин Асмир Јахоски од Пуцко Петрол, Барчин Борахан од Рамстор, Барчин Шенсојлу од Суташ и Муртеза Сулооџа од Јени Балкан.