Back to Blog

Стоковна размена со странство, јануари – ноември 2022 година

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – ноември 2022 година, изнесува 471 373 069 илјади денари и бележи пораст од 20.8 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – ноември 2022 година, изнесува 684 609 418 илјади денари, што е за 27.8 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – ноември 2022 година, изнесува 213 236 349 илјади денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – ноември 2022, изнесува 68.9 %.

Стоковна размена изразена во САД долари

Во периодот јануари – ноември 2022, Р.С Македонија има остварено вкупна трговска размена со Р. Турција во вредност од 945 683 илјади САД долари што е за 35.8% зголемен споредено со истиот период во 2021 г. Од тоа, извоз во Р. Турција изнесува 204 137 илјади САД долари што претставува зголемен за 50,1% во однос на ист период 2021 г. Увозот е зголемен за 32.3% и изнесува 741 547 илјади САД долари. Р. Турција седми трговски партнер на Р.С. Македонија, редоследно Германија, Велика Британија, Грција, Србија, Бугарија, Кина и Турција. (Државен завод за статистика на Р.С.М , 09.01.2023).

Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи. Во увозот се најмногу застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, електричната енергија и благородни метали во колоидна состојба; соединенија, органски или неоргански, од благородни метали, хемиски дефинирани или недефинирани; амалгами од благородни метали.

Во периодот јануари – ноември 2022 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија, Бугарија, Кина и Турција.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – ноември 2022 година, изнесува 8 041 480 илјади САД долари и бележи пораст од 7.0 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во истиот период, изнесува 11 683 240 илјади САД долари, што е за 13.2 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – ноември 2022 година, изнесува 3 641 760 илјади САД долари.

Share this post

Back to Blog