Надворешна трговска, јануари – мај 2021 година
Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – мај 2021 година, изнесува 174 113 282 илјади денари и бележи пораст од 44.2 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – мај 2021 година, изнесува 236 309 609 илјади денари, што е за 39.5 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – мај 2021 година, изнесува 73.7 %.
Во периодот јануари – мај 2021, Р.С Македонија има остварено вкупна трговска размена со Р. Турција во вредност од 280 536 илјади САД долари што е за 45.2% зголемен споредено со истиот период во 2020 г. Од тоа, извоз во Р. Турција изнесува 59 557 илјади САД долари што претставува зголемен за 77,4% во однос на ист период 2020 г. Увозот е зголемен за 38,4.% и изнесува 220 995 илјади САД долари. Р. Турција осми трговски партнер на Р.С. Македонија, редоследно Германија, Велика Британија, Србија, Грција, Кина, Бугарија, Италија и Турција. (Државен завод за статистика на Р.С.М , 6.07.2021).
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и фероникелот. Во увозот се застапени најмногу другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба, платината и легурите на платина, необработени или во прав и нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови).
Во периодот јануари – мај 2021 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Кина.
Стоковна размена изразена во САД долари
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – мај 2021 година, изнесува 3 403 779 илјади САД долари и бележи пораст од 58.2 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 4 618 021 илјада САД долари што е за 52.9 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – мај 2021 година, изнесува 1 214 242 илјади САД долари.