Стоковна размена со странство, јануари – септември 2022 година
Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – септември 2022 година, изнесува 379 441 735 илјади денари и бележи пораст од 20.1 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – септември 2022 година, изнесува 554 574 596 илјади денари, што е за 29.1 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари – септември 2022 година, изнесува 175 132 861 илјада денари.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – септември 2022 година, изнесува 68.4 %.
Стоковна размена изразена во евра и САД долари
Во периодот јануари – септември 2022, Р.С Македонија има остварено вкупна трговска размена со Р. Турција во вредност од 760 491 илјади САД долари што е за 39.9% зголемен споредено со истиот период во 2021 г. Од тоа, извоз во Р. Турција изнесува 157 830 илјади САД долари што претставува зголемен за 49,5% во однос на ист период 2021 г. Увозот е зголемен за 37.6% и изнесува 602 661 илјади САД долари. Р. Турција седми трговски партнер на Р.С. Македонија, редоследно Германија, Велика Британија, Грција, Србија, Бугарија, Кина и Турција. (Државен завод за статистика на Р.С.М , 07.11.2022).
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и други катализатори на носачи. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, електричната енергија и благородни метали во колоидна состојба; соединенија, органски или неоргански, од благородни метали, хемиски дефинирани или недефинирани; амалгами од благородни метали.
Во периодот јануари – септември 2022 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – септември 2022 година, изнесува 6 550 518 илјади САД долари и бележи пораст од 6.8 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 9 576 173 илјади САД долари, што е за 14.7 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – септември 2022 година, изнесува 3 025 655 илјади САД долари.