Надворешна трговска, јануари – април 2021 година
Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – април 2021 година, изнесува 140 438 536 илјади денари и бележи пораст од 40.8 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – април 2021 година, изнесува 189 992 226 илјади денари, што е за 34.5 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Покриеноста на увозот со извоз, во перидот јануари – април 2021 година, изнесува 73.9 %.
Во периодот јануари – април 2021, Р.С Македонија има остварено вкупна трговска размена со Р. Турција во вредност од 224 008 илјади САД долари што е за 42.3% зголемен споредено со истиот период во 2020 г. Од тоа, извоз во Р. Турција изнесува 47 999 илјади САД долари што претставува зголемен за 72,7% во однос на ист период 2020 г. Увозот е зголемен за 35,8.% и изнесува 176 009 илјади САД долари. Р. Турција осми трговски партнер на Р.С. Македонија, редоследно Германија,Велика Британија,Србија,Грција,Кина,Бугарија,Италија и Турција. (Државен завод за статистика на Р.С.М , 7.06.2021).
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и фероникелот. Во увозот се најмногу застапени другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во прав, керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба, платината и легурите на платина, необработени или во прав и нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови).
Во периодот јануари – април 2021 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Кина.
Стоковна размена изразена во САД долари
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во перидот јануари – април 2021 година, изнесува 2 739 362 илјади САД долари и бележи пораст од 53.7 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 3 704 130 илјади САД долари, што е за 46.8 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во перидот јануари – април 2021 година, изнесува 964 769 илјади САД долари.