Back to Blog

Надворешна трговија јануари ‒ декември 2020 година

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во перидот јануари ‒ декември 2020 година, изнесува 6 633 216 илјади САД долари и бележи пад од 7.7 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 8 709 485 илјади САД долари, што е за 7.7 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во перидот јануари ‒ декември 2020 година, изнесува 2 075 269 илјади САД долари.

Покриеноста на увозот со извоз, во перидот јануари ‒ декември 2020, изнесува 76.1 %.

Во дванаесет месеци на 2020 година, Р.С Македонија има остварено вкупна трговска размена со Р. Турција во вредност од 542 668 илјади САД долари што е за 0.5% зголемен споредено со истиот период во 2019 г. Од тоа, извоз во Р. Турција изнесува 93 669 илјади САД долари што претставува зголемен за 12.1% во однос на ист период 2019 г. Увозот е намален за 1.7.% и изнесува 444 999 илјади САД долари. Р. Турција осми трговски партнер на Р.С. Македонија, со Германија, Велика Британија, Србија, Кина и Грција.. (Државен завод за статистика на Р.С.М , 08.01.2021).

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и фероникелот. Во увозот се најмногу застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Share this post

Back to Blog