Back to Blog

Гостин на Седницата на УО на МАТТО, г-дин Арјанит Хоџа,министер за земјоделство,шумарство и водостопанство на Р.С.М.

Bakan Aryanit Hoca: Tarım alanında Türkiye’den öğreneceğimiz çok şey var.

Министерот Арјанит Хоџа во своето обраќање истакна: Имаме многу што да научиме од P.Турција во областа на земјоделството.

г-динот Арјанит Хоџа,министер за земјоделство,шумарство и водостопанство на Р.С.М. беше гостин на денешната Седница на УО на Стопанска комора на Македонија-Турција, МАТТО.

Министерот Хоџа оствари средба со г-динот Ајдован Адемоски, Претседател на МАТТО и членките на МАТТО.

Претседателот на МАТТО, г-динот Ајдован Адемоски, кој го започна состанокот, даде информации за членовите и функционирањето на МАТТО.

Истакнувајќи дека вредноста на турските инвестиции во Северна Македонија достигна приближно 2 милијарди долари, истакна и дека оваа бројка треба да биде во пораст.

Во својот говор, претседателот Адемоски го изрази своето задоволство за инвестициите од страна на престижни турски компании како ТАВ, Халкбанк и Џевахир Холдинг, и ја спомна важноста на придобивките од искуството на овие компании, кои исто така се членки на МАТТО.

„Можеме да го зголемиме обемот на трговијата над 1 милијарда долари“

„Доколку Договорот за слободна трговија се спроведе со концептот изработен со Србија и Босна и Херцеговина, можеме да го удвоиме обемот на трговија меѓу Северна Македонија и Турција, со износ над 1 милијарда долари“.

Во продолжение на своето обраќање, Претседателот на МАТТО, г-динот Ајдован Адемоски на министерот му изрази благодарност за неговото учество и поддршка во оваа насока.

„Можеме да бидеме гласот на бизнисмените на МАТТО“

Изразувајќи задоволство за своето учество на седница на УО на МАТТО, г-динот Арјанит Хоџа,министер за земјоделство, шумарство и водостопанство на Р.С.М. истакна, ’’Целосно верувам дека ова ќе биде почеток на процес на дијалог’’.

Потсетувајќи дека тој е исто така член на владиниот економски одбор, нагласи дека бизнисмените од МАТТО можат да имаат глас за прашања што можат да додадат позитивност на ова поле.

Во продолжение министерот Хоџа зборуваше и за финансиската поддршка на владата за земјоделците и додаде дека тие имаат за цел и рурален развој.

„Можеме да имаме корист од искуствата на Турција“

Продолжувајќи го својот говор, министерот Хоџа истакна: „Има сериозни проблеми во областа на земјоделството во нашата земја. Високата просечна возраст на оние кои се занимаваат со земјоделство и малите парцели се меѓу овие проблеми. Потребни се сеопфатни реформи за надминување на овие проблеми и подобрување на земјоделскиот сектор. Покрај тоа, спроведувањето на современите политики е неизбежно. Во овој поглед, вашето искуство е исто така од особена важност “.

„Можеме да имаме корист од искуствата на Турција во согласност со чекорите што ќе ги преземеме преку вас. Имаме многу што да научиме од Турција во областа на земјоделството “.

Share this post

Back to Blog