Back to Blog

Посета на бизнисмени од Измир и Коња на МАТТО

Бизнисмени од Измир и Коња во текот на изминатата недела ја посетија Стопанската комора Македонија–Турција (МАТТО). Делегацијата, предводена од г. Рифат Саит, беше пречекана во седиштето на МАТТО од страна на членовите на Комората и трговскиот советник при Амбасадата на Република Туркије во Скопје, г. Синан Танриогeн.

За време на средбата, членовите на делегацијата беа информирани за активностите на МАТТО и актуелната економска состојба во Северна Македонија од страна на членот на Управниот одбор на МАТТО, г. Муртеза Сулоџа. Детални информации за инвестициската клима, трговските можности и потенцијалните деловни соработки презентираше трговскиот советник г. Синан Танриогeн.

Гостите-бизнисмени од различни сектори имаа можност да ги разгледаат можностите за инвестиции и соработка во регионот, како и да остварат директни контакти со локални бизнисмени. Во рамки на посетата, делегацијата оствари и низа средби во Северна Македонија, Косово и Албанија.

МАТТО продолжува активно да работи на јакнење на економските и трговските односи меѓу Република Туркије и земјите од Балканот, со цел создавање нови можности за заеднички развој и инвестиции.

Share this post

Back to Blog